На прво место

Целиот процес поврзан со случувањата на 27-ми април е политички монтиран и мотивиран

53854786 1975330872761883 8118615927592845312 n
53854786 1975330872761883 8118615927592845312 nЦелиот процес поврзан со случувањата на 27-ми април е политички монтиран и мотивиран
Целиот процес поврзан со случувањата на 27-ми април е политички монтиран и мотивиран. Пресудите се драконски и нарачани од ликови како Заев и Пендаровски кои сопствениот очај го лечат со одмазда кон сите кои мислат поинаку и не се согласуваат со нивните антидржавни политики.

Судот противзаконски ги определи и притворите на обвинетите во случајот 27-ми април. Правен преседан од светски рамки е да се определува притвор, при важечка гаранција.

Судот постапи спротивно на член 144 став 2 од ЗКП, кој вели дека судот може да определи две мерки, освен кога определува притвор. Законот е јасен, притворот за Митко Чавков и останатите лица кои претходно имаа изречено мерка за обезбедување присуство – гаранција е незаконски.

Обвинетите со ниту една постапка, во ниту еден момент не биле недостапни за судот. Дел од нив имаат високи гаранции кои го опфаќаат целиот нивен имот, тие се семејни луѓе со деца, сопруги и стари родители. Мерката притвор е целосно незаконска и неоснована.

Кацарска судството и Русковска обвинителството целосно ги извршуваат нарачките на Заев, кој преку правосудството врши политички прогон врз неистомислениците.

Постапката против десетици македонски припадници на безбедносните сили и патриоти е неаргументирана и без докази. Во пресудата исчитана од Русковска немаше елементи на кривичното дело тероризам, ниту докази за поврзаноста и причинско последичните врски помеѓу делото и обвинетите. Пресудата е чист политички памфлет на лик на соопштенијата на СДСМ.

Кацарска судството и Русковска обвинителството не работат согласно закон, работат по диктат. Незаконието мора да запре, затоа потребно е победа над СДСМ на предвремени парламентарни избори, кои се возможни со победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top