На прво место

Доаѓаат нови ветришта, а народот повеќе нема да дозволи да биде излажан

Христијан Мицкоски

Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите, да се обединиме, да ја сочуваме татковината и донесеме правдата

Изминатите неколку дена поминав речиси 1000 километри низ нашата татковина. Разговори, средби со народот и можам да го кажам следното:

Ништо од тоа што ќе направи не може да биде чесно, ако на една власт и недостига правда. Чекањето на ветениот живот, заврши со неветена неправда која е секојдневие. Неправдата сторена било каде и било кому е закана за правдата насекаде. Каква и неправда да се случи некому, тоа влијае на сите нас заедно. Правдата без слободата и моќта на народот е безмоќна, а моќта без правдата е тиранска. Волтер велеше успехот е секогаш дете на храброста.

Доаѓаат нови ветришта, а народот повеќе нема да дозволи да биде излажан. На власта би и порачал да се воздржи од плукање против ветрот, бидејќи се во животот се менува, но и се враќа. Секоја неправда, секоја солза на старата мајка за своето чедо, остава трага. Секоја година затвор од оние 211 години робија, ќе тежи на нечистата совест на оваа неправедна власт. Секоја нова воздишка на младиот човек со надеж дека може да биде подобро е истата како и секоја друга во изминатите 28 години, но и тој исто како и сите ние знаеме дека ние самите сме носители на нашата судбина и ќе биде подобро само доколку се избориме за тоа. А тоа зависи од секој еден од нас.

Да си бидеме искрени едни со други и да си признаеме дека нема човек кој веќе верува дека оваа власт може да биде подобро или дека може за било што да си го одржат ветувањето. Тогаш нема што да се чека. Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите, за измамата со чувствата на граѓаните. Време е да се покаже дека овде има достоинствен народ што не дозволува да биде потценет и излажан. Ова веќе е битка за нашето достоинство, нашата верба во вредностите и за тоа што сакаме да бидеме во иднина. Ова е битка за сонот кој го сонуваме откако знаеме за себе, за нашата татковина, за татковината за која мечтаеме, која ја сонуваме и за која вреди да се бориме.

Секоја генерација си има своја битка, оваа битка е нашата, можеби е најважната бидејќи во прашање е опстанокот на нашата земја и она што правиме сега ќе не следи во годините потоа. Да, од сите нас зависи победата која ќе ја донесеме, затоа да се избориме за правото, правната држава и владеењето на правото. Ова битка е околу победата, а победата е Македонија со секој еден нејзин човек. И нека се знае дека сето ова вреди, за нашите деца, за родителите, за роднините и пријателите, оние кои заминаа, но и оние кои останаа, за нашите предци кои не обврзаа, но и поколенијата кои не смееме да ги разочараме.

Да се обединиме, здружиме, соединиме за правда, правда за секого, правда за секој еден човек и успех каков што заслужува. Да го поразиме Заевизмот, за да ја спасиме Македонија!

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top