На прво место

Македонски Национален Совет“ во Берлин го отфрла преспанскиот договор и го смета за капитулација

54524008 315785269126540 352707468876316672 n
54524008 315785269126540 352707468876316672 n
Македонски Национален Совет-Берлин

На ден 16.03.2019 година, во Берлин се одржа средба на која беше разгледана и констатирана потребата за формирање на ново, обединувачко и прогресивно тело кое ќе се труди да ги артикулира интересите на Македонците. После исцрпна дискусија се дојде до заеднички став дека е потребен некој нов вид на здружување.

По тој повод, чест ни е да ве информираме дека за потребите на Македонците и македонскиот народ се формира „Македонски Национален Совет“.

Советот е формиран во следниот состав: Vasco Beleski, Robert Klenkoski, Igor Mehandzhiyski, Robert Mileski, Oliver Makedon Taseski. Записничар: Sladjana Makedonska Gažarová.

Македонскиот Национален Совет, на својот прв состанок, во контекст на Преспанскиот договор кој ги тангира Македонците од целиот свет, ги зазеде следните долгорочни ставови:

1. Советот го отфрла преспанскиот договор и го смета за капитулација.

2. Советот во целост ја прифаќа изразената волја на македонскиот народ и другите граѓани на Република Македонија преку масовен бојкот на историскиот референдум од 30 септември 2018 година за отфрлање на наметнатото име.

3. Советот ја отфрла употребата на наметната географска додавка „северна“ и ќе делува во правец на зачувување на името Македонија без никакви додавки

Македонскиот Национален Совет на својот прв состанок, а во врска со претстојните претседателски избори во Македонија, ги зазеде следните ставови:

1. Советот го повикува македонскиот народ и сите други граѓани на РМ масовно да се вклучат и да излезат на гласање на претстојните претседателски избори и не препорачува бојкот од следниве причини:

а) Долгорочна цел на ДУИ е да ја поткопа институцијата Претседател на Република Македонија, бидејќи се свесни дека само оваа институција не им е на дофат. Токму затоа се трудат да наметнат за нив прифатлив начин при изборот на личноста, за подоцна да можат да влијаат врз неа.

б) Доколку не се исполни цензусот на претседателските избори, советот е на мислење дека СДСМ и ДУИ заедно со нивните марионети одвоени од ВМРО-ДПМНЕ ќе преминат во фаза за промена на уставот во правец на укинување на постоечката институција Претседател на РМ, префрлајќи го изборот во Собранието на Република Македонија. Во таков случај ДУИ ќе постави услов, покрај двотретинско мнозинство за избор на Претседател, истиот да се ограничи и преку воведување на т.н. Бадинтерово мнозинство, со што во целост ќе се ослабне досегашната поставеност на институцијата Претседател, а тие во иднина ќе имаат круцијално влијание врз изборот.

в) Изборот на Претседател на Република Македонија преку негов директен непосреден избор од граѓаните дава посебна сила на оваа институција. Целта е таа сила да се неутрализира.

г) Советот разгледа уште едно можно сценарио. Доколку претседателските избори пропаднат, СДСМ и ДУИ заедно со нивните марионети одвоени од ВМРО-ДПМНЕ може да преминат во операција на намалување на цензусот за избор на Претседател и со тоа да се повторат претседателските избори.

2. Советот ги разгледа и понудените кандидати за функцијата Претседател на РМ, како и нивните погледи и ставови. Советот одлучи да го повика македонскиот народ и сите други граѓани на РМ на престојните претседателски избори својот глас да го дадат за Гордана Силјановска-Давкова.

Советот застана зад нејзината номинација поради нејзиното ветување дека никогаш нема да ја користи наметнатата додавка „северна“, ќе се бори во секој поглед против таа додавка, и ќе формира експертски тим од светски признати правници кои ќе ги разгледаат случувањата кои доведоа до тоа да се наметне име од страна на друга држава врз народ и држава кои истото го отфрлиле на регуларен референдум.

Исто така многу добар аргумент советот виде и во ветувањето дека Силјановска ќе се бори за повторно враќање на демократијата и правната држава во Македонија, нешта кои се целосно уништени од страна на сегашните властодршци.

Македонскиот Национален Совет и посакува успех во кампањата и ѝ порачува никогаш да не отстапи од овие ветувања.

Појаснување: Нашиот став за и околу излегувањето на претседателските избори во април во никој случај не значат „легитимирање“ на додавката „Северна“, напротив, со тоа се означува почетокот на борбата против истата.

Македонскиот Национален Совет е отворен за соработка и ги охрабрува сите заинтересирани да се приклучат во заедничките цели и во исто време го повикува македонскиот народ и граѓаните на РМ да застанат зад нив и масовно да ги поддржат овие ставови.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top