На прво место

Основачите на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Мицкоски

Основачите на партијата со поддршка за Мицкоски: Тој со ставови на државник и патриот за Македонија, антидржавникот Заев во одбрана на Грција

Мицкоски со ставови на државник и патриот, а Заев во одбрана на грчките интереси. Вака основачите на ВМРО-ДПМНЕ го коментираат синоќешниот ТВ дуел меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Ламбе Арнаудов, Мане Јаковлевски и Иван Соколов во своите анализи за вчерашните настапи на лидерите на двете најголеми партии.

Ламбе Арнаудов вели дека на вчерашниот ТВ дуел Мицкоски покажал патриотски чувства како Македонец, а Заев ги бранел интересите на Грција.

-Судбината на македонскиот народ е тешка и претешка. Меѓутоа, Македонецот сам избира како ќе оди-дали исправен, горд, честит или ќе се свитка, ќе лази или ќе оди по патот на историјата. Синоќа беме сведоци на дуел на еден благороден човек, патриот, кој што ги има сублимирано сите историски личности во себе и ја има дефиницијата на нивните најдобри патриотски чувства собрани во себе, тоа е господинот Мицкоски кој потврди дека е бедем на македонската држава и народ, а од друга страна го имавме премиерот не на Република Македонија, туку на Република Грција. Низ неговиот разговор почувствувавме дека тој повеќе се грижи за судбината на Грција и грчкиот народ и нивните интереси, отколку за Македонците, истакнта Арнаудов во изјава за КУРИР.

„Христијан Мицкоски на вчерашниот настап покажа сериозна надмоќност над Заев и со факти и аргументи ги разобличи неговите лаги“-ова е ставот на Мане Јаковлевски.

– Се покажа дека стои цврсто зад државните и национални интереси, а Заев целосно се “разголи”. Тој беше матиран кога се обелоденија фирмите на неговото семејство во Бугарија за кои најпрво тврдеше дека не ги знае, а подоцна го покажа спротивното. Македонскиот народ мора да се обедини за да се спаси од Заевистичкото зло. За таа цел потребно е на луѓето што се заблудени поради простотилок и незнаење, како и на оние кои поради лошотија и расипаност ја подржуваат сегашната власт да им се објасни кон каде злото на Заевистите ја турка земјата. Всушност на овие луѓе мора да им се прости и тие мора да се привлечат за македонската кауза, пред сегашната власт тотално да ја уништи македонската куќа. Штетата која ја нанесе оваа владина гарнитура е ненадоместлива од секој аспект од државниот систем, едноставно државата се распаѓа. Затоа ова лудило ќе запре со победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори, а веднаш потоа и на предвремените парламентарни избори, истакна Јаковлевски во изјава за КУРИР.

По синоќешниот ТВ дуел, со свој коментар се огласи и Иван Соколов.

-Синоќешниот дуел помеѓу Мицкоски и Заев заврши очекувано со еден и единствен заклучок. Дебата помеѓу државник со силна грижа за својата татковина Македонија и својот македонски народ и џамбаз кој без тронка грижа на совест се обидува да одбрани нешто што не се брани. А како може човек да одбрани една гомила на антинационални и антидржавни постапки кои Зоран Заев ни ги приредува две години без прекин. Мицкоски покажа дека е човек кој кога ќе застане на чело на државата ќе биде браник за татковината, човек што ќе го цени минатото, ќе работи за иднината и ќе работи исклучиво согласно закон и никако поинаку. Македонија има потреба од лидер кој знае во која насока треба да ја движи земјата за доброто на нејзините граѓани, Христијан Мицкоски е таков лидер, анализира тој.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/osnovachite-na-partijata-so-poddrshka-za-mickoski-toj-so-stavovi-na-drzavnik-i-patriot-za-makedonija-antidrzavnikot-zaev-vo-odbrana-na-grcija/

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top