На прво место

ДНК истражувањето на ИГЕНЕА, уште еднаш докажува кои се наследници на античките Македонци

ФРУСТРАЦИЈАТА НА ГРЦИТЕ: ДНК истражувањето на ИГЕНЕА, уште еднаш докажува кои се наследници на античките Македонци

Наместо да се интересираат за сопственото потекло и историја, грчките посетители на сајтот на „Игенеа“ се интересираат за, како што тие не нарекуваат тие „Славомакедонците“ на што од признатиот швајцарски институт им одговараат: „Пред се, Македонците се Македонци, а не Славомакедонци како што вие ги нарекувате поради политички причини. Најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло“.

Денешните Македонци се потомци на античките, покажаа резултатите од истражувањата на швајцарскиот институт ИГЕНЕА објавени пред речиси една деценија. Институтот кој се бави со генетски истражувања на Европските народи и кој важи за еден од водечките во областа на ДНК анализи ги исфрустрираа Грците потврдувајќи го потомството на Македонците. На прашањето кое го поставува грчка државјанка, а кое гласи: Кои се корените на Славомакедонците, институтот на нивниот официјален форум одговара:

Пред се, тие се Македонци, а не Славомакедонци како што вие ги нарекувате поради политички причини. Најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло.

Ваквите податоци Институтот за генетски истражувања ги поткрепува со докази. Но, податоците за потеклото на Македонците не е единственото разочарување за Грците. Според истражувањата на ИГЕНЕА само 32 отсто од Грците всушност имаат хеленско, македонско, па дури и арапско потекло. Дури 31 отсто имаат келтски корени, 12 отсто германски и словенски, а 11 отсто од Грците водат потекло од Илирите.

ИГИНЕА ги негира и илирските корени на Албанците. Наспроти верувањата на Албанците, ИГЕНЕА тврди дека тие најмалку имаат илирско потекло. Според генетските истражувања, само 20 отсто од Албанците имаат илирски корени, додека пак 40 отсто од народот кој живее на територијата на Босна и Херцеговина се директни потомци на Илирите.

Споредувајќи ги Ѕ-хромозомите, Игенеа дошла до сознанија дека во Македонија е најприсутна групата 12а, која што велат, потекнува од Балканот, а денеска, покрај во Македонија, често може да се најде и во Хрватска и во Босна. Ова е ретка лоза, која што е забележана и во Западна Европа, вклучувајќи ги и Британските острови. Втората најприсутна група е Е1б1б, која што потекнува од Источна Африка, а во денешно време е најприсутна кај народите во Европа, особено на Медитеранот и на Балканот.

Генерално, сите балкански народи имаат одреден дел словенско потекло, но, само кај Македонците доминираат корените од Античка Македонија и мал дел од Грците влечат античко потекло. Другите балкански народи воопшто немаат вакви корени.

Инаку, „Игенеа“ е водечки институт во генетските истражувања. Во своите анализи, швајцарскиот институт, покрај генетски, користи и историски, археолошки и антрополошки извори.

https://youtu.be/4ujBXeEXl-Q?t=6

https://infonews.mk/2019/03/28/frustratsijata-na-grtsite-dnk-istrazhuvaneto-na-igenea-ushte-ednash-dokazhuva-koi-se-naslednitsi-na-antichkite-makedontsi/

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top