На прво место

Мицкоски од Гостивар: иден претседател е Гордана Силјановска Давкова

Мицкоски од Гостивар: Вистината е јасна и едноставна, победуваме, а иден претседател е Гордана Силјановска Давкова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните од Гостивар.

Тој од Гостивар кажа дека секаде во Македонија слушал дека иден претседател на Република Македонија ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова, со што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи СДСМ најпрво на 21 Април, потоа и на 5 Мај, а потоа и на предвремените парламентарни избори.

– Во разговорите со граѓаните слушам дека секаде има разочарувањето од сета онаа лага којашто ја кажуваше Зоран Заев и СДСМ и предизвикала голема депресија кај народот. Тешко и траорно е да се разговара за реалните проблеми кои се нивно секојдневие.Уште потешко е кога на прво ќе се појавите и почуствувавате од нивна страна една недоверба затоа што во вас како политичар гледаат или човек што дошол овде да лаже, а ако лаже да добие можност понатаму да краде. Таа е реалноста во Македонија. Јас сум овде и стојам пред вас овде исправен и ве гледам очи во очи и само со една молба, а тоа е да ве замолам да ни дадете шанса да покажеме дека сме порзлични и да видите дека таа шанска ќе биде искористена навистина, истакна претседатело Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека Зоран Заев заедно со СДСМ во изминатиот период имаат кажано многу невистини и тие невистини резултираат со големо разочарување кај граѓаните.

-Се сеќавате на оние говори коишто Зоран Заев гии говореше дека не бил покојниот Никола Младенов починат затоа што се случило сообраќајна несреќа, туку тоа грозоморно некој му го договорил за да години потоа видиме како сопругата на Никола Младенов ја изговори вистината и каже дека тој го изгубил својот живот заради неприлагодената брзина на условите на патот. Кој лажеше овдека, која ја говореше вистината. И до ден денеска го нема овој премиер Зоран Заев да излезе и да ги погледне граѓаните и да им каже вистината на граѓаните, порача Мицкоски.

Тој имено потсети и на малиот Мартин Нешковски, на младите животи кои несреќно згаснаа на Смилковско Езеро за кои Зааев велеше дека имал докази за една поинаква вистина од таа што е. Но и до ден денеска не се знае што мислел Зоран Заев, ниту пак се знаат вистинските сторители на тие немили настани.

– Неправда е кога ќе ги редат чевлите пред Влада како опозиционери , а денеска симболизираат дека тоа е големо изелување и дека не се задоволни со политиките на тогашната владат за да денеска видиме дека ниту еден човек не дојде по својот пар чевли, туку напротив илјадници наши сограѓани трајно ја напуштија Македонија бидејќи се разочарани од ветувањата на Зоран Заев и врхушката на СДСМ, објасни Мицкоски.

-Неправда е кога на докторите ќе им ветите плата од 100 илјади денари, кога ќе ветите реновирани клиники, а денеска ги гледаме докторите како трајно заминуваат од Mакедонија и ги полната клиниките во Eвропа и Aмерика. Неправда е кога на младите ќе ветите младинска гаранција и сигурни места, а денеска привилигирани ќе бидат само до 7 колено роднините на Mира Дизел затоа што му била слуга на Зоран Заев, додаде Мицкоски.

Претседателот Мицкоски потсети дека во Струмица ги спомнал петте струмички студенти кои кои своите животи на Беласица ги дадоа за ова парче земја.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top