На прво место

Иден претседател ќе биде професорката Сиљановска Давкова

Насекаде низ Македонија се зборува е дека иден претседател ќе биде професорката Сиљановска Давкова, а на СДСМ и Заев им дојде крајот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Крива Паланка.

Мицкоски пред присутните истакна дека после илјадници поминати километри и средби со илјадници граѓани, тоа што насекаде се зборува е дека иден претседател ќе биде професорката Сиљановска Давкова, а на СДСМ и Заев им дојде крајот, а после тоа ќе одговараат за сиот криминал, понижувања и омаловажувања кои ги нанесоа.

Го слушам овие денови она младо момче, кое доаѓа често пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, како зборува за АРМ, дали знаеме колкав бил бројот и така натаму, ќе го поздравам и ќе му поставам две прашања, дали знае што е утринска смотра, што е пожарство, дали знае како се чува стража на минус 20 степени во пола метар снег. Нека го праша неговиот ментор тој што го праќа дали тој можеби знае да даде одговор, тој се сеќавате кога требаше да се оддолжи на државата вадеше лекарски дека не бил спремен, а да пљачка и краде како премиер е спремен?, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека врхушката на СДСМ предводена од Зоран Заев ќе останат во историјата дека се откажаа од основното човеково право на самоопределување и дека се срамат од сопствената химна, да слушнат дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“.

Вие ќе останете запишани дека се срамите да кажете на кој јазик говорат жителите во северна Грција, а е различен од грчкиот, на кој јазик пеат и какви ора играат. Тоа се Македонци кои што говорат македонски јазик, пеат македонски песни и играат македонски ора. Вие малкумина од врхушката на СДСМ ќе останете запишани дека се откажавте од македонскиот идентитет за пусти пари, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека во земјава со СДСМ граѓаните секојдневно се соочуваат со неправди, на земјоделците им беа ветувани загарантиран откуп, субвенции, помош, но денеска сведоци сме како во Ресен ги сечат дрвата затоа што еден килограм јаболка е еден денар, во Кочани оризот остана во амбарите затоа што нема кој да го откупи, во Пијанец и Малешевијата родот заврши по реките, а исто и во Росоман со праските. Додаде дека такви неправди има и кај лекарите на кои им ветуваа реновирани болници и 100.000 денари плата, а денес тргуваат со болниците, а лекарите ги полнат клиниките во странство.

Неправда е кога патриоти денеска лежат со затворски казни повисоки од два века, а сторителите на убиството на децата кај Смилковско слободно се шетаат, неправда е кога на младите ќе им ветувате работа, напредок а денеска ако не сте роднина на Мира Дизел, тешко дека ќе имате шанса да се вработите. Неправда е да затварате цели планини да може премиерот да се санка со другарчињата, а пола милион наши сограѓани да гладуваат, по Европа да се возите со Бентли и Мајбах, а нашите сограѓани да ја напуштаат Македонија затоа што немаат основна егзистенција, нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека неправда е и тоа што Заев се колнеше во жицата, татковината, дедовината дека нема да го продаде идентитетот, но кога дојде на власт единствената работа која ја направи беше да го промени идентитетот, за пусти пари.

Кога бев Струмица го потсетив на Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов, се сеќавате на тие струмички студенти кои што својот живот го оставија за оваа држава, за да ние денеска да можеме да живееме, но овие политички измамници тргуваа со тоа што го наследија, за пусти пари и за пусти фотелји, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека изборот е јасен, од една страна е Стево Пендаровски поддржан од транзиционите криминалци кои донесоа беспаќе на македонскиот народ, на македонските граѓани, а од другата страна ја имаме професорката Гордана Сиљановска Давкова, заштитник и чувар на законите и Уставот, застапник на правото и правдината.

Нас ни треба право и правдина, владеење на правото и враќање на правната држава, професорката Гордана Сиљановска Давкова со својот личен, но и професионален интегритет и труд дома и странство, тимот на експерти од дома, но и од странство кои застанаа, и вие народот сте гаранција дека ќе имаме вистински реформи кои од политичкиот арач на овие политички измамници ќе го ослободи бизнисот да инвестира во Македонија и домашниот но и оној од надвор, да креира повеќе работни места и повеќе пари за граѓаните на Република Македонија, потенцираше Мицкоски.

На крајот тој уште еднаш побара од жителите на Крива Паланка на 21-ви април и на 5-ти мај да ја поддржат професорката Гордана Сиљановска Давкова, затоа што голема победа ќе ја отвори вратата за предвремени парламентарни избори и конечно овие политички измамници предводени од Зоран Заев да заминат во историјата.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top