На прво место

Антонио Милошоски: Премиерот Заев и ЛАЖНАТА МЕТЛА

zzz

13015226 1207221359297328 5587478577898828894 n

Антонио Милошоски: Премиерот Заев и ЛАЖНАТА МЕТЛА

“Консензуалниот” кандидат Пендаровски во првиот круг на претседателските избори доби помалку гласови отколку што добиваше за време на режимот, и тоа сега појачан со поддршката од ДУИ, ДПА, Амди Бајрам, Курто Дудуш, Љубчо Георгиевски, Павле Трајанов, Африм Гаши и Драгиша Милетиќ.

Слабиот резултат предизвика разочарување и нервоза кај премиерот Заев, кој добро знае дека ваквиот лош резултат е најава дека времето на владеачката коалиција почнало да истекува. Затоа Заев се обидува да направи потег со кој би убедил што повеќе разочарани поддржувачи на владината коалиција да излезат и да го гласаат Стево.

И некој го советувал “шефе, закани се со операција метла, чистка после изборите, тоа секогаш пали кај народот и членството”. И Заев прифатил да го изведе и овој трик. Но…
Најавата за “ЧИСТКА” на неуспешни министри, директори и други функционери, после претседателските избори, е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев. Зошто? Затоа што доколку Заев навистина ја разбрал пораката од незадоволните гласачи тој може, согласно Уставот и Законот за влада, уште денес до Собранието да достави предлог за разрешување, на пример на министрите:
Венко Филипче, заради сомнителните тендери и кризата во здравството Дамјан Манчевски, заради немањето ни “р” од најавените реформи во администрацијата Асаф Адеми, заради неуспешната политика во секторот култура и Садула Дураку, заради нула ангажман во животната средина.

Само со поднесување на предлози за разрешување на владини министри, директори или началници денес, Заев ќе покаже дека ја примил пораката на незадоволните гласачи вчера. И доколку се обидува да се вади дека тоа не може да го направи бидејќи е кампања, пак ќе излаже, бидејќи Уставот и Законот му дозволуваат и во кампања да даде вакви предлози за разрешување, а истите во Собранието ќе се гласаат после завршувањето на изборите. Но, тоа што Заев нема да поднесе предлог за ничие разрешување, само докажува дека тој повторно се обидува да ги манипулира граѓаните гледајќи ги во очи.

Заев не смее ни да помисли да им удри метла на министрите Филипче и Манчевски, бидејќи ќе добие внатрепартиска “метла по нос” од крилото на Шеќеринска.

Заев не смее ни да помисли да му одри метла на министерот Садула Дураку, ниту било кој директор од ДУИ бидејќи ќе добие внатре-коалициска “метла по глава” од Али Ахмети.

Заев не смее да помисли да го тргне од владата министерот Асаф Адеми, затоа што “метла по грбот” ќе му удрат тројцата пратеници на Африм Гаши во Собранието.

Затоа, ОПЕРАЦИЈАТА МЕТЛА, после претседателските избори ќе заврши само со смена на шоферот на градоначалникот од Прилеп, директорот на водостопанство во Битола, директорот на комуналното во општина Дебрца и смена на Алмир Дудуш, роднината на Курто, главен раководител за спорт и образование во Шутка!

Најново од: На прво место

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

To top