На прво место

Кој се плаши Артан Груби да проговори?

sds

sds dui

Ништо повеќе не е исто како порано, политичката сцена врие, а зад кулисите се слушаат звуци на внатрешна пресметка што со години тлееше под површината. 

По враќање на Артан Груби во Македонија и одлуката за куќен притвор наместо ефективен притвор отвори дилема во јавноста: дали некој, доколку беше однесен во ефективен затвор, можеби сакал да го „замолчи“ засекогаш, за да не изнесе информации кои јавноста со години сака да ги слушне?.

Во политичкиот лавиринт што со години го градеа СДС и ДУИ, Груби не беше маргинален актер. Тој беше дел од јадрото на извршната моќ, присутен во клучни процеси, политички договори, кадровски решенија и меѓупартиски балансирања.

Токму затоа денес се поставува суштинското прашање: кој повеќе ќе изгуби ако тој одлучи целосно да соработува со институциите?

Од едната страна стои Али Ахмети со кругот поранешни и актуелни функционери на ДУИ, кои во изминатиот период настојуваа да се дистанцираат од контроверзиите и да ја зачуваат партиската кохезија?

Од другата страна се Зоран Заев, Венко Филипче и структурите во СДС, кои исто така немаат интерес целокупниот товар од изминатата власт да се врзе исклучиво за нивното име?.

Додека Груби беше надвор од директен институционален притисок, тој стана удобна точка на префрлање вина, политички вентил преку кој можеше да се намали притисокот од јавноста.

Но, дистанцирањето има граници. Ако „црната кутија“ почне да се отвора, одговорноста повеќе нема да може да се канализира врз една личност или само една партија.

Во изминатите години јавноста беше сведок на низа контроверзии што оставија длабоки траги врз довербата во институциите. Дел од нив се во фаза на истрага, а дел останаа во зоната на политички обвинувања и медиумски истражувања:

Случајот со Државната лотарија, со обвинувања за криминали, сомнежи за фаворизирање одредени компании и распределбата на профитот.

Лиценците за одгледување медицинска марихуана, каде се отворија прашања за критериумите, политичкото влијание и поврзаноста на носителите на дозволи со структури на власта, како и можноста за пуштање во продажба на црниот пазар.

Јавните набавки и тендерските постапки, особено во инфраструктурата и здравството, каде дел од медиумите укажуваа на фаворизирање на блиски до тогашната власт фирми.

Партиските вработувања во администрацијата, што ја продлабочија перцепцијата дека институциите функционираат според партиска лојалност, а не според мерит-систем.

Обвинувањата за злоупотреба на буџетски средства, преку непродуктивни проекти, сомнителни исплати и несоодветна распределба на јавни пари.

Скандалите поврзани со Специјално јавно обвинителство (СЈО), кои сериозно го разнишаа кредибилитетот на институцијата, трошоците од буџетот беа енормни, а целта на СЈО беше да биде симбол на правдата и пресметката со корупцијата.

Без разлика на правниот епилог, сите овие случаи создадоа перцепција за систем во кој политиката и институциите се длабоко испреплетени. Артан Груби поседува детално познавање на тие процеси, и неговото сведочење може да ја редефинира политичката одговорност од изминатата деценија на структурите на СДС и ДУИ.

Стравот е најсилниот мотив во политиката: страв од кривична одговорност и страв од губење влијание.

Затоа не е неосновано прашањето: дали некој се обидува Груби да го убеди или заплаши дека молчењето е попаметна опција?

Дали постои политички притисок, индиректен, личен и фамилијарен за да не се отвораат чувствителни теми? И ако таков притисок постои, дали доаѓа од редовите на ДУИ и СДС, или од поширок круг на поранешни носители на моќ?

Одговорот не е едноставен. Владеењето на СДС и ДУИ беше коалициско, одлуките колективни, а одговорноста политички поделена. Затоа дилемата „кој се плаши повеќе“ не може да има едноставен одговор. Прашањето можеби треба да гласи: кој има повеќе да изгуби ако вистината излезе целосно и без филтер на виделина?

Кога ќе почне вистинскиот расплет, многумина ќе мора да одговараат, не само за конкретни одлуки и потписи, туку и за годините молк, компромисите и политичките договори што ја обликуваа државата. И тогаш ќе стане појасно кој навистина се плашел од сведочењето на Артан Груби и дали заканите се обид да се зачува политичката тишина или последен напор да се контролира штетата од една ера што полека се расплетува.

Обвинителството побарало мерката притвор за Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Од Основното јавно обвинителство ваквиот предлог го образложиле со небезбедност на Груби во затворот ‘Шутка’, каде што требало да биде притворен.

Дали правосудството ќе покаже дека се посилни од партиските притисоци и каналите на влијание, или повторно ќе бидеме сведоци на селективна правда, каде одговорноста се концентрира врз поединец, а соучесниците остануваат недопрени?

Ова е и вистински тест за правосудството во Македонија!

1aaa-MN copy copy copy

Најново од: На прво место

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општините и директно ќе разговараме со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“, во рамки на која тој лично, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, ќе реализира интензивни посети на општинските и месните комитети низ државата. Кампањата беше најавена на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со […]

СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – АРАНЃЕЛОВДЕН

21 ноември / 8 ноември Овој празник во народниот живот на Македонците е познат како Аранѓеловден и претставува една од позначајните семејни слави во македонската православна традиција. Свети Архангел Михаил во христијанското предание Името Михаил потекнува од еврејското име Михаел, што се толкува како „Кој е како Бог?“. Во Светото писмо Архангел Михаил е претставен […]

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА)

Воведението на Пресвета Богородица во храмот, во македонската народна и православна традиција познато и како Пречиста, е еден од големите Богородични празници во православното христијанство. Се празнува на 21 ноември според јулијанскиот календар, односно на 4 декември според грегоријанскиот календар. Во македонската православна традиција празникот е познат под името Пречиста или Воведение на Пресвета Богородица. […]

Кога се сака, речиси сè се може: Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка Битола

Опис за главната слика: Илустративен колаж на Алта банка Битола и Комерцијална банка, изработен со ChatGPT во формат 3:2. Одлуката на Комерцијална банка да учествува на берзанската аукција е конкретен чекор кон изнаоѓање нов сопственик за битолската банка. На 30 ноември на Македонската берза ќе бидат понудени 95,336 отсто од нејзините акции. Премиерот Христијан Мицкоски […]

Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

На состанокот на Коалицијата на волните во Берлин беше нагласена потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД за завршување на војната. Македонска делегација, во која учествуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, присуствуваше на состанокот на Коалицијата на волните во Берлин, посветен на актуелната состојба во Украина и на […]

To top