На прво место

Црвената линија станува Аманет за генерациите што доаѓаат!

amanet

amanet

Пораката на Премиерот Христијан Мицкоски „нема да има уставни измени без гаранции“ не претставува само моментален став на една влада, туку обид да се постави јасна црвена линија што треба да ја следат и идните генерации во ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа позиција отвора суштинска дилема: дали Македонија конечно учи од сопственото искуство или повторно ризикува да влезе во процес без јасен крај, каде секој нов чекор носи нови услови?

Во изминатите години, државата направи сериозни отстапки во име на европската перспектива. Промена на името, договори со соседи, прифаќање на комплексни политички компромиси, сето тоа беше претставено од Заев и Филипче како билет кон Европската Унија. Но наместо јасна цел и извесен крај, Македонија се соочи со нови блокади, нови барања и продолжена неизвесност. Токму во таа реалност се раѓа аргументот дека без цврсти и недвосмислени гаранции, секој нов чекор може да значи повторно отворање на веќе затворени прашања.

Ставот на Мицкоски е недвосмислен: идентитетот не смее да биде преговарачка категорија. Но тој оди чекор понатаму – ова не е само политичка порака за денес, туку обид да се создаде долгорочна политичка доктрина. Со најавата дека оваа позиција ќе се пренесе на идните генерации, се прави обид да се вгради принцип во политичката ДНК на партијата: без гаранции, нема отстапки.

Тоа значи институционализирање на став кој треба да обезбеди континуитет, нешто што македонската политика до денес го немала.

Од другата страна, СДС ја гледа европската интеграција како процес што подразбира флексибилност, компромис и адаптација. Но токму тука се судираат двата концепти: едната што верува дека компромисите се средство за напредок, и другата што предупредува дека тие имаат граници по кои следува разградување на националните позиции. За СДС тоа е прагматизам; за ВМРО-ДПМНЕ – ризик од постепено губење на идентитетските позиции.

Клучното прашање, сепак, не е дали Македонија треба да биде дел од Европската Унија – околу тоа постои широк општествен консензус. Вистинската дилема е под кои услови ќе се случи тоа.

Ако процесот на интеграција значи постојано редефинирање на идентитетските прашања, тогаш логично се поставува прашањето: дали тоа е пат што води кон членство или пат што нема крај?

Во тој контекст, барањето за гаранции и за реципроцитет – особено во однос на правата на македонската заедница кај источниот сосед – претставува обид да се промени досегашната логика на процесот. Тоа е обид да се воспостави нов модел на преговарање, во кој државата поставува црвена линија.

Но најсилната политичка порака лежи во најавата дека оваа политика ќе се пренесе на идните генерации. Тоа значи дека темата за уставните измени повеќе нема да биде предмет на лесни политички пресврти по избори. Напротив, се создава континуитет – нешто што македонската политика ретко го имала а тоа ќе биде пресврт и во македонската дипломатија.

Пораката „нема уставни измени без гаранции“ станува црвена линија што ќе ја дефинира иднината, не само на една партија, туку и на државата и Аманет на идните генерации.

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top