На прво место

Честитка на „Македонска нација“ по повод Велигенските празнувања

05VEP-003

05VEP-003„Македонска нација“ на сите граѓани од православна вероисповед во Македонија и на сите православни Македонци во светот им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Воскресението Христово – Велигден е празник кога ја славиме победата на животот на смртта, светлината над темнината. Денот на Воскресението Христово преставува Божји дар, вистинска радост која ни го осветлува патот на недежда, љубовта, мирот, радоста и среќата во животот.

Воскресението Христово преставува обединување околу верата и учењето Христово за милосрдието, праведноста, почитувањето и толеранцијата. Тоа е благородниот пат на Христовото учење од кој не треба да скршнуваме. Потребна ни е Христовата мир и љубов во нашите срца за да ја спознаеме вистината. Потребно ни е неговата верба и трпение за да ги надминеме сите меѓусебни недоразбирања и конфликти.

Почитувајќи и тргнувајќи од Христовите пораки, Денот на Христовото воскресение е време кога треба да се просветлиме и братски да се прегрниме. Време е да се здружиме сите Македонци и во љубов да ја поддржиме Македонската православна црква која досега била и ќе биде носител на највисоките морални вредности. Само со почитување на овие вредности и љубов кон татковината можеме да добиеме простување и спасение. Само со верата во Бога, можеме да ја направиме Македонија посреќно место за живеење на сите нејзини граѓани.

Grobot_na_Isus_Hristos-_23.11.2011_29

Иако се случило во тајност, Христовото воскресение е историски настан кој со аргументи го посведочиле апостолите. Но, Христовото воскресение можат да го почуствуваат и да сведочат само духовно подготвените, а не оние кои се противници на Христовото учење.

Отука само оние кои веруваат во Бога, само оние духовно просветлени можеа да го видат и почуствуваат Чудото на прочистувањето на фреските во македонската црква Св. Димитрија.

Само тие можеа да ја сфатат пораката за враќање на корените на Христовата вера и пораката за единство на македонскиот народ кој Бог ни ја прати преку заштитникот на Македонците, Св. Димитрија.

Прочистувањето на фреските за Цветници во храмот Св Димитрија, претставува Божји знак за обединување и помирување на Македонците, како единствен начин за зачувување на државата, името, јазикот и корените на библискиот македонски народ.

Постојат лица кои го оспоруваат и негираат Воскресението, како што го негираат и македонскиот народ. За нив ништо не е свето, а анархијата и злото е единствен свет во кој можат да егзистиираат.

Само вакви изроди, неверници и творци на злото, можат на ден пред Велигден, на најголемиот христијански празник, ладнокрвно да егзекутираат петмина, од кои четири деца на возраст од 20 години. Ниеден верник, без разлика на вероисповест вакво зло нема да направи.

Простувањето, кое извира од љубовта и раѓа нова и зголемена љубов преставува единствено оружје против искушенијата на злото и непријателите, а тоа му дава најголема вредност на еден народ. Досега македонскиот народ простуваше, а сега пред овој голем незапамтен злостор, е исправен пред големо искушение. За да не постане соучесник на дивеењето на толпата и да го задржи владеењето на правото.

Македонецот треба да одбере и да се обедини под светиот крст и етичките норми. Само така, обединети и сакајќи ја својата татковина, почитувајќи и бранејќи го правото, еднаквоста пред Уставот и законите, ќе го победи  и прочисти злото од својата земја.

Време е македонскиот народ да зачекори гордо и одговорно по патот на праведноста и чесноста. Зошто Воскресението Христово претставува возвишен дар исполнет со вистинска светлина, радост и среќа за македонскиот народ.

Честит и вековит да е големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден и нека донесе во секој македонски дом мир, љубов, среќа и надеж во животот.

Христос воскресе, навистина воскресе!,

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top