На прво место

Веста за навредливите грчки налепници објавена во американските медиуми

images_copy_copy

images_copy_copyСервер предложи Македонија да возврати со налепници „Јужна Македонија“ или „Јас сум Грк и патувам во земја чие име не го признавам“ залепени на возилата на грчките патници во Македонија.

Американските медиуми денеска ја пренесуваат веста на Асошиејтед прес, дека грчките гранични полицајци ги обележуваат возилата што влегуваат од Република Македонија со навредливи налепници со кратенката БЈРМ.

– Ова е бесправна и неоснована провокација, цитиран е македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, во текстот објавен на интернет страниците на повеќе американски медиуми како Вашингтон Пост и Фокс, кои пишуваат дека Македонија реагирала до Грција поради новата провокација.

Во текстовите објавени денеска во САД, како што јавува дописникот на МИА од Вашингтон, се потенцира дека Грција го блокира македонскиот влез во НАТО, како и дека повеќе од 130 држави ја признале Република Македонија под уставното име. Наведено е дека спорот за името трае уште од 1991 година, поради инсистирањето на Атина дека името Република Македонија претставува територијална претензија насочена кон Грција.

Познавачите на балканските состојби во Вашингтон го следат однесувањето на Грција и обележувањето на македонските возила со ознаката „признаено од Грција како БЈРМ“.

Американскиот професор и поранешен дипломат Даниел Сервер забележа дека Грција овие денови има многу поголеми проблеми отколку да троши пари за вакви налепници.

Сервер предложи Македонија да возврати со налепници „Јужна Македонија“ или „Јас сум Грк и патувам во земја чие име не го признавам“ залепени на возилата на грчките патници во Македонија.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top