На прво место

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк
Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен комплимент за Заев Трети викан Филипче, та ќе лажат дека водата била отровна, па ќе прогласат Апокалипса и дека комарците ќе не изедат живи, за да финишираат со пофални слова за вистинскиот гуру и водач, за оној недоквакан и самоцрпнат од нивата…
Љупчо Цветановски

Ве зачуди ли офанзивата на една оркестрирана банда антимакедонски хушкачи, кои како сурија стрвинари се ничкоса и во низок лет се нафрли врз чествувањето на 35-годишнината од незавиноста? Лешинарчиња, кои во отуство на чувства кон Македонија, тотално оперирани од каква и да е сетилна дразба кон татковината удрија со камења по иницијатива што месец  дена го воспеваше 3,5-децениското раѓање на нашата независна држава?

Секако, дека не не’ изненади, та ќе беше чудно да беше поинаку, ќе мораше да одиме на бајачка доколку северџанските демагози кажеа некој убав збор за чествувањето на овој датум. За Македонија.

И повторно, така „случајно“ симултано со источните ни соседи, ѓоамити во еден глас. А, случајноста да ти била она кога на сцената не се гледале конците на оној кој одозгора ги движи марионетите по сцената. А тука, се гледаат од авион. Море, од Марс. Трисекундната меморија на златнa рипка одамна е исклучена и добро се сеќаваме дека оваа демек „македонска“ банда е експерт во давање на задник под кирија и има 3,5 децениска кариера во коленичарење и субмисивно антимакедонско дејствување, се’ и се’ за да дојде на власт или, поретко, и за да остане на неа. И е експерт за копање црни гробови за пусти, туѓи бели дворови. За награда. За власт. За полнење џебови…

Сетете се и што се’ истите не кажаа за Скопје 2014, како изгледаше главниот град пред тоа и како го гушкаа ГТЦ, трговски во кој сега дел од дуќаните се издаваат бесплатно, само платете струја и вода. Благодарение на СДС..

Туку, каде беше оваа оркестрирана банда, сега толку загрижена за Македонија, кога Заевци ни го сменија насила името? Кога ајваните беа на власт и со сиот ум го утнаа знамето на главното лого за прославувањето на 30-годишнината на независноста? Башка, што суртуците славеа 3 децении некава си северна?! Кога го утнаа знамето на Хрватска и така зевзечки и’ честитаа претседателство со ЕУ со Павелиќева, усташка држава на поштенска марка? На сегашните хушкачи и тогаш „солено“ и здраво ухлебените копуци по државните институции се’ им беше таман. А сега, е сега болело, немало пари во државата, та сиромаштијата навасала, се сетија и на земјоделците дека се живи, та за што ли не паѓаат во несвест и сечат вени по соц-мрежи, портали и телевизии. Оти, мислат на и за себе. Точно е, има помалку пари и грижа на државата, ама за нив, северни душички напатени од две години пост, сега во шок откако здраво си го наплатија северџанството…

Туку, „пута 2“, абе лош збор не кажаа за Груби и Перпарим кои буквално „стопија“ 10-на милиони евра од истата таа Лотарија која сега беше генерален покровител на нешто грамадно, нешто што го будеше македонскиот дух по целата ни држава и тоа десетици денови. Арно ама, таму не смеат да чепкаат, за да Артан не се налути и не каже некоја арамиска вистина за оној црпнатиот им лидер од Муртино или, поверојатно, за сегашниот им наапан фејк-лидер, кој сиромашкиот, не знае каде му е главата и секој ден си ја траска по ѕидовите во Бихаќка, сфаќајќи на каква глупост се нафатил. Малку доцна…

Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза од лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен комплимент за Заев Трети викан Филипче, та ќе лажат дека водата била отровна, па ќе прогласат Апокалипса и дека комарците ќе не изедат живи, за да финишираат со пофални слова за вистинскиот гуру и водач, за оној недоквакан и самоцрпнат од нивата…

И додека, ние се лутиме зошто на неколкумина кои учествуваа во  кампањата на она на „С“ воопшто им беше дозволено да пеат и за Македонија, ТИЕ ќе не’ убедуваат дека половина од парите кои апашката ДУИ/СДС екипа ги стопи без трага од истата таа компанија, да ти биле премногу за недели и недели прослави по целата држава. Точно, парите секогаш можат да се вложат во нешто друго, но за разлика од нивните времиња, тоа сега паралелно и се прави. Дека може да биде подобро, може, но за разлика од тие „нивни“, црни и понижувачки времиња, нешто се прави на тоа поле, се исправа свитканиот р’бет, се брише резилот, се исправаат и „Дрините“ искривени од Заевци, абе дури и Фичо вика МАКЕДОНИЈА. „Јагшемаш“! би свикал Борат на оваа СДС принудна еволуција…

Веројатно, ги болат, ама многу, оние стотици илјади народ кои во различни градови се радуваа на чествувањето на независноста, постарите комуњари се сеќаваат дека гласаа ЗА независност само заради вториот дел од реферндумското прашање во ’91-та, нешто што никогаш не им се оствари, ги пече фактот што тоа е единственото јасно изјаснување на македонските граѓани во историјата и дека таму сме и секогаш ќе бидеме МАКЕДОНИЈА, ги жега тоа што никој не ги праша ништо околу организацијата на прославата, како и фактот дека е се поизвесно дека и за 40-годишнината, како што тргнале па и многу понатаму, никој повторно нема за ништо живо да ги прашува.

Оти, никој нормален не оди по депонии да прашува, а тие до тогаш ќе бидат уште побааги навлезени во ѓубриштето на историјата, кон кое „пичат“ со светлосна брзина водени од инфантилните наративи на автопилотот Венко и копилотот Шмрчко…

И така, свесни за очекуваната партијска имплозија која ги очекува, антимакедонските северџански хушкачи со тапија (од 2018-та, заверена во Нивици) ќе џавкаат, гризаат и гребат движејќи се кон сопственото зајдисонце, а македонскиот карван неумоливо ќе продолжи да се движи напред.

Од хигиенски причини, игнорирајте го нивното прпелкање во калта, тиња ли беше, во која колку повеќе прпелкаш, побргу тонеш кон дното…

Превземено од Курир

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top