На прво место

Демократското право на глас на иселениците не смее да биде жртва на дневнополитички калкулации

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека е подготвена за дијалог за Изборниот законик, но бара правото на глас на македонската дијаспора да се прошири и унапреди, преку гласање по пошта или електронски.

Демократското право на глас на иселениците не смее да биде жртва на дневнополитички калкулации

Јавноста во Македонија е сведок на целосна конфузија предизвикана од опозициските партии СДС, Левица и ДУИ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека опозициските партии најпрво седнуваат и се договараат за Изборниот законик, а веќе следниот ден го блокираат истиот закон за кој претходно бил постигнат договор.

„Во јавноста пласираат одредени тези, а зад затворени врати, всушност, преговарале и преговараат за сосема други прашања“, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо опозицијата да учествува во носење закон со кој ќе се зголемат демократските права и ќе се овозможи полесно остварување на уставно загарантираното право на глас, таа покажува намера за враќање назад и за намалување на правото на глас на дијаспората.

„Како ВМРО-ДПМНЕ им порачуваме на СДС, Левица и ДУИ, како што се договорија да го блокираат законот, така да седнат и да се договорат што сакаат од Изборниот законик. Како владејачко мнозинство ќе прифатиме сè што ќе побараат, само да се прошири и унапреди правото на глас и дијаспората да може да гласа по пошта или електронски“, се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека опозициските партии најпрво треба да изградат заеднички став меѓу себе – дали сакаат една изборна единица, каков модел на финансирање предлагаат, кој начин за поплаки го сметаат за прифатлив, како и кој модел за изјаснување на дијаспората го поддржуваат.

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека нема проблем да разговара за секое прашање што е важно за унапредување на политичкиот систем, продолжување на реформите, европската интеграција на државата и интересите на сите граѓани, без разлика каде се наоѓаат.

„Нашата определба е разговор и дијалог, а не блокади. Сè она за што ќе се договорат овие опозициски партии и ќе го понудат до нас, ние ќе го прифатиме. Демократското право на глас на македонските иселеници и Изборниот законик воопшто не смеат да бидат жртви на дневнополитички калкулации“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека партијата е подготвена веднаш да седне на маса и да разговара во интерес на државата и на сите нејзини граѓани, доколку СДС, Левица и ДУИ изградат единствен став и покажат искрена волја за договор.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top