На прво место

Двојни аршини: Во Македонија права и знамиња, во Албанија навреди и бојкот за Македонците

Македонска Нација

Македонска Нација

Европските вредности се обврска што мора еднакво да важи и за Албанците во Македонија и за Македонците во Албанија.

Албанската химна и знамиња во Македонија се истакнуваат на свадби, прослави, партиски собири и во канцеларии на политичари. Но кога Македонците во Албанија го истакнуваат својот идентитет, доволна е една непроверена информација за наводно неинтонирање на албанската химна за да реагира целиот политички и медиумски врв на Албанија.

Случајот со фолклорниот фестивал „Преспа 2026“ во Пустец ја разоткри големата разлика меѓу она што Албанија го бара за Албанците во Македонија и она што им го овозможува и толерира на Македонците во Албанија.

Штом се појави информацијата дека на фестивалот, на кој присуствувал и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, наводно не била интонирана албанската химна, веднаш реагираше Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија. Се огласи и премиерот Еди Рама, кој од непроверена информација направи политичко прашање и одржа лекција за националните симболи и европските вредности.

Но поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, соопшти дека вистината е поинаква. Во име на организаторот тој потврди дека на фестивалот биле интонирани и македонската и албанската химна, а како доказ објави и видеоснимка.

Дури и да постоел протоколарен пропуст, одговорноста би била на организаторите, а не на сите Македонци во Албанија. Ниту една химна не може да биде оправдување за навреди, закани и повици за бојкот на цела национална заедница.

Во Македонија Албанците имаат политички партии, пратеници, министри, градоначалници, образование и медиуми на албански јазик, како и широка можност јавно да ги истакнуваат своите национални симболи.

Албанското знаме се вее на свадби, семејни прослави, концерти, партиски собири, општински настани и во канцеларии на политичари. Покрај него се истакнуваат и знамињата на САД, Германија, Швајцарија и други држави, додека македонското знаме отсуствува.

Тоа се случува дури и на настани што немаат дипломатски или меѓународен карактер. Сепак, најчесто нема протестни ноти, драматични обраќања или предупредувања дека се поткопуваат државноста и суверенитетот на Македонија.

Но кога Македонците во Албанија сакаат да го изразат својот идентитет, да го користат македонскиот јазик и да ги почитуваат македонските национални симболи, химна, знаме, веднаш се појавуваат сомнежи, обвинувања и квалификации за „национал-фолклоризам“.

Ако албанското знаме во Македонија е легитимен израз на идентитетот, тогаш и македонското знаме и химна во Албанија мора да бидат легитимен израз на македонскиот идентитет. Ако Албанците во Македонија имаат право да ги чествуваат своите историски личности, празници и традиции, истото право мора да им припаѓа и на Македонците во Албанија.

Особено загрижува тоа што локалниот медиум „Korça Report“ објавил текст во кој Македонците од Пустец се именуваат со погрден назив и се повикува на бојкот на луѓето и производите од оваа област.

Како би реагирале во Албанија доколку македонски медиум ги навредува албанците во Македонија, или повика на бојкот на албанските производи, ресторани, на прекин на соработката со градежни фирми на Албанци од Македонија, Косово или Албанија и на избегнување на летувањето во Албанија?

Тогаш веднаш би се зборувало за говор на омраза, дискриминација и загрозување на човековите права на Албанците. Но кога од Албанија се упатуваат навреди и повици за бојкот на Македонците, дежурните „бранители“ на човековите права молчат.

Тоа не се европски вредности, туку отворено лицемерство, политика на двојни аршини и свесно поткопување на меѓуетничките односи – молкот пред таквата омраза значи нејзино премолчено одобрување.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top