Тема: Македонци во Албанија

Двојни аршини: Во Македонија права и знамиња, во Албанија навреди и бојкот за Македонците

Европските вредности се обврска што мора еднакво да важи и за Албанците во Македонија и за Македонците во Албанија. Албанската химна и знамиња во Македонија се истакнуваат на свадби, прослави, партиски собири и во канцеларии на политичари. Но кога Македонците во Албанија го истакнуваат својот идентитет, доволна е една непроверена информација за наводно неинтонирање на […]

Стерјо Спасе од Глобочани

Стерјо Спасе, еден од најпознатите романсиери во Албанија и истакнат претставник на македонското малцинство во таа земја, роден на 14 август 1914 година во селото Глобочани, во Мала Преспа, починал на 12 ноември 1989 година во Тирана. Неговото пошироко семејство ја носело родовската ознака Ничовци и било меѓу побројните семејства во Глобочани. За свое презиме […]

Преображение во Голо Брдо – празник што ги обединува Македонците

Празникот Преображение Господово има посебно значење за Македонците од областа Голо Брдо, како и за македонското население од поширокиот дебарски крај во Албанија. На овој ден, црквата „Свето Преображение“ во селото Ербеле традиционално станува средиште на голем празничен собир. Македонците по потекло од Ербеле, село во областа Поле, позната и како Долни Дебар, во Албанија, […]

Македонски историски календар – 15 август

Петнаесетти август во македонската историја е поврзан со организирањето на македонското револуционерно движење, со Илинденското востание, со истакнати македонски дејци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, но и со трагични страдања на македонското население. 15 август 1865 – Роден е војводата Стефан Ролев Во селото Врбени, Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, е роден […]

Историјата на Мала Преспа

Мала Преспа е историско-географска област во југозападниот дел на Македонија, распослана покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро. Нејзиниот најголем дел денес се наоѓа во Република Албанија и е опфатен со Општина Пустец. Иако со државна граница е одвоена од останатиот дел на Македонија, областа со векови претставува единствен природен, историски и духовен простор со Преспа. […]

Едмунд Темелко: Додека има вера, ќе има Македонија

Едмунд Темелко, првиот градоначалник на Општина Пустец во Мала Преспа по падот на комунистичкиот режим во Албанија, заедно со својата мајка запали свеќи во храмот „Св. Петар и Павле“ во селото Зрноско. Во тишината на православниот храм тие се помолија за здравје, за благослов на семејството, за душите на предците и за зачувување на македонскиот […]

Ташко Јованов: Македонците во Албанија не се сами во борбата за својот идентитет

  Ташко Јовановски Делегација на Форумот за човекови права на Македонците со потекло од Егејска Македонија даде поддршка за МАЕИ и Васил Стерјовски во Корча, во пресрет на судското рочиште по тужбата од Фондацијата „Бугарска меморија“. Делегација на Форумот за човекови права на Македонците со потекло од Егејска Македонија од Скопје престојуваше во Корча, каде […]

Претседателката на „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ Симонофски на средба со амбасадорот Трпевски

На средбата во Тирана беше разговарано за положбата на Македонците во Албанија, зајакнувањето на културните и националните врски и идните форми на соработка со македонската дипломатија. Претседателката на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, Елена Симонофски, оствари средба со новоименуваниот македонски амбасадор во Албанија, Веле Трпевски. На средбата биле разменети мислења за актуелните прашања поврзани со македонската заедница […]

ЕФА бара Бугарија да се извини за злосторствата врз македонското малцинство

Европската слободна алијанса усвои декларација со која бара официјално извинување за репресиите врз Македонците во Бугарија, спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права и прекин на двојните стандарди во однос на малцинските права во Европа. Европската слободна алијанса (European Free Alliance – ЕФА), европска политичка партија која ги обединува регионалните, автономните и малцинските […]

ЕФА едногласно усвои Резолуција за заштита на македонското малцинство во Албанија

Генералното собрание на European Free Alliance (ЕФА), кое се одржува во Gandia-Шпанија, едногласно ја усвои Резолуцијата предложена од Македонска алијанса за европска интеграција за заштита на македонското малцинство во Албанија и за почитување на правата на малцинствата во процесот на проширување на Европската Унија. Усвојувањето на Резолуцијата претставува значајна меѓународна поддршка за македонската заедница во […]

Мицкоски од Мала Преспа: Да се обединиме околу Македонија, матицата нема да ги заборави Македонците во Албанија

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, испраќајќи силни пораки за национално единство, зачувување на македонскиот идентитет и поддршка за македонскиот народ надвор од татковината. Посетата на премиерот Мицкоски беше по повод отворањето на споменикот посветен на хероите од село Туминец, загинати во Втората светска војна, […]

To top