Култура и туризам

Пештерната црква „Св. Богородица“ кај Туминец

Во пазувите на карпестиот предел Орлов Рид, недалеку од селото Туминец и македонско-албанската граница, се наоѓа еден од највредните средновековни пештерни храмови во областа Преспа – црквата „Св. Богородица“.

На околу педесет минути пешачење источно од селото Туминец, во карпестиот предел Орлов Рид, на само десетина метри од границата со Република Македонија, се наоѓа овој древен пештерен храм.

Меѓу месното население храмот е познат и како „Св. Марина кај Глобоко“, бидејќи се наоѓа на само стотина метри источно од манастирскиот комплекс посветен на светата великомаченица Марина, кој бил целосно обновен во 1888 година.

Пештерната црква „Св. Богородица“ е сместена на височина од околу десет метри, додека монашкото живеалиште се наоѓа на околу триесет метри над водите на Преспанското Езеро.

Пред главниот влез, во полукружна ниша украсена со флорални орнаменти и глави на два лава, е насликана една од најубавите и највпечатливи претстави на Пресвета Богородица со малиот Христос, од иконографскиот тип „Умиление“.

Внатрешноста на храмот изобилува со фрескоживопис на кој се претставени композиции од големите христијански празници, како и ликови на повеќе светители.

Од сочуваните натписи се дознава дека автор на живописот бил зографот Алексиј, ученик на зографот Јован. Фреските биле изработени во времето кога со храмот управувал јеромонахот Пајсиј, кој воедно бил и негов ктитор.

Истражувачот Теофан Попа го датира овој вреден фрескоживопис кон крајот на XIII и почетокот на XIV век.

Пештерната црква „Св. Богородица“ кај Туминец претставува значајно духовно, историско и културно наследство на Македонците од Преспа. Нејзината местоположба, архитектура и зачуваните фрески сведочат за вековното христијанско присуство и богатата црковна традиција на македонското население во овој дел од етничка Македонија.

На фотографијата: фреската на Свети Александар во пештерната црква „Св. Богородица“ кај селото Туминец.

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

To top