На прво место Песни за Македонија

Песната од Ѓорѓија Пулевски ја посветуваме на Венко Филипче и раководството на СДС – со надеж дека конечно ќе научат нешто за Македонија

Македонска Нација

Македонска Нација

Роден Македонец, умрел Македонец за Македонија.

 

Ѓорѓија Мијаков Пулевски е роден во 1817 година во селото Галичник, во мијачкиот крај на Македонија.

На неговиот надгробен споменик во Софија е запишано:

„Роден Македонец, умрел Македонец за Македонија.“

1817 – 13 февруари 1895 (78 години) е периодот на животот на Ѓорѓија Пулевски.

 

Кратко за Пулевски:

Пулевски е еден од првите македонски дејци што јасно ја истакнува посебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик.

Во песната „Македонцим ув прилог“Пулевски постојано се навраќа на славното македонско минато, потсетувајќи ги своите сонародници на времето на македонските владетели Филип Македонски и Александар Македонски.

За Пулевски, Македонија е древна кралевина и татковина на Македонците, а Александар Македонски е „наш цар македонски“, чие име е познато низ целиот свет.

Песната е создадена во период кога македонскиот народ сè уште се наоѓал под османлиска власт. Во неа јасно се чувствува разочараноста од одлуките на Берлинскиот конгрес од 1878 година, со кои Македонија останала надвор од процесите на ослободување на балканските народи и била оставена под турско ропство.

Пулевски затоа упатува апел до европските христијани да ја разберат судбината на Македонците, кои, како што вели, ја посакуваат својата „домовина“.

Но, неговата главна порака е насочена кон самите Македонци. Тој ги повикува да се обединат, да покажат слога и храброст и да се борат како нивните предци во времето на Александар Македонски.

„Македонцим ув прилог“ претставува значајно сведоштво за националната мисла на Ѓорѓија Пулевски и за неговото настојување преку поезијата да ја разбуди свеста кај Македонците за нивната историја, идентитет и право на сопствена татковина.

Македонцим ув прилог

 

Татковина ја ово место мило Македонцим,
кралевина била под краљом Филипом,
старо царство, јесте од цара Александра,
наш цар македонски, познат Александар велики ув вселену.


Он је наше царство во Полостров Балкански
је го оставил все горским Славјаним.


Чујте, браќа наши јевропски христијани,
да ја наша судбина нами досадила
мије хоштеме нашу домовину.


Ево днеска в македонскеј кралевини наши браќа тужат
зашто само назе под ропство оставајет
зато и мије хоштеме своју домовину!


Братије наши Македонци од православну веру,
да се сви сложиме, јуначки бориме,
како наши стари под цар Александром,
повтор спомен своим имјам по нас оставиме!


Историју стару да ју оживиме,
мије глејте сега да ју исполниме.

Најново од: На прво место Песни за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Радичевски: Од Брвеница до Челопек, општината им припаѓа на сите граѓани

„Една Брвеница за сите“ е визија за рамномерен развој, еднакви можности и почит кон секој човек, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори. Обраќајќи им се на присутните, Радичевски истакна дека нивната сплотеност е порака оти Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот, […]

Најнови вести

To top