На прво место

Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница на Балканот

Интензивно се работи на автопатите и експресните патишта, завршени се делниците Градско–Фариш и Страцин–Крива Паланка, а се подготвуваат и проектите Кочани–Делчево и Струмица–Радовиш.

Со посветена работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов.

Според него, во поновата историја на државата ретко се случувал ваков градежен интензитет, при што се градат патишта, автопатишта и експресни патишта како еден од главните двигатели на економскиот развој.

„Тоа го потврдуваат и последните податоци на Државниот завод за статистика, според кои за месец април има исклучително висок степен на реализација на капитални проекти, речиси една третина подобар во споредба со истиот месец лани“, рече Иванов.

Тој нагласи дека ваквиот градежен бум е резултат на две години интензивна, посветена и макотрпна работа на Владата за изнаоѓање решенија, надминување на наследените и тековните проблеми и реализација на инвестиции кои ја развиваат економијата и го подобруваат животот на граѓаните во Република Македонија.

Иванов посочи дека интензивно се работи на завршување на останатиот дел од автопатот Кичево–Охрид, од кој 37 километри веќе се пуштени во употреба и граѓаните ги користат.

„Следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје–Блаце. Средствата се обезбедени, избрани се консултантот и изведувачот, а со овој проект Македонија ќе се поврзе со Косово и со пристаништата во Албанија и во Црна Гора“, истакна Иванов.

Сериозен напредок, според него, има и кај автопатиштата од Коридорот 8 и Коридорот 10Д. Со изведувачот е постигната нова динамика за изградба на автопатските делници Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. Забрзани се и постапките за експропријација, при што се решени над 2.500 постапки, а останува да се довршат уште мал број предмети.

Иванов потсети дека е поништена одлуката на претходната Влада за изградба на тунел на трасата Гостивар–Букојчани, со што, како што рече, се заштедени 252 милиони евра во Буџетот. На делницата Прилеп–Битола, пак, веќе од следната година се очекува да се вози по едната лента.

Тој се осврна и на експресните патишта Кочани–Виница–Делчево и Струмица–Радовиш, за кои веќе започнале подготовките за изградба.

„Тоа се проекти кои со години беа ветувани, но ниту една власт досега не направи ништо конкретно за нивна реализација“, рече Иванов.

Кога станува збор за експресните патишта, Иванов нагласи дека не смеат да се заборават ниту делниците Градско–Фариш и Страцин–Крива Паланка, која е дел од Коридорот 8. По долги години застој, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што посочи, целосно ги завршила и ги пуштила во употреба.

„Се инвестира и се гради во секој дел од државата. Македонија инфраструктурно се развива насекаде, со крајна цел исполнување на стратешката визија — да стане клучна транспортна крстосница на Балканот“, порача Иванов.

Најново од: На прво место

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

To top