На прво место

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините – Владата продолжува со силна поддршка на капиталните проекти

По резултатите од првиот јавен повик за поддршка на општините, Владата го распиша и вториот повик, со цел продолжување на инвестицискиот циклус и подобрување на условите за живот на граѓаните, истакна Коцевски.

Преку двата јавни повика, Владата им стави на располагање на единиците на локалната самоуправа вкупно 18 милијарди и 449 милиони денари од унгарскиот кредит. Средствата се наменети за реализација на инфраструктурни и капитални проекти од непосредно значење за граѓаните.

Ова претставува сериозна финансиска можност за општините, но уште поважно е што покажува дека поддршката на локалната самоуправа не е еднократна мерка или краткорочна политика.

Станува збор за воспоставен модел преку кој државата, со децентрализација на средства од централниот буџет, обезбедува финансиска поддршка за општините. Локалните самоуправи ги подготвуваат и предлагаат проектите според реалните потреби на граѓаните, а крајната цел е подобра инфраструктура и поквалитетни услови за живот.

Ова е особено значајно за помалите општини, кои имаат сериозни инфраструктурни потреби, но честопати немаат доволно финансиски капацитет самостојно да реализираат поголеми капитални инвестиции. Затоа улогата на државата е да помогне таму каде што е најпотребно и да создаде услови за порамномерен развој на целата територија на Македонија.

Со поддршка на Владата, во Гази Баба се инвестира во детска градинка во Инџиково и во спортска сала во основното училиште во Црешево, со што се создаваат подобри услови за најмладите.

Во Центар се реконструира спортската сала „Работнички“, во Бутел се уредува и заштитува речното корито на Серава, а во Чаир се гради водоводна и атмосферска канализациска мрежа во населбата „Дижонска“.

Во Гевгелија се реконструира Старата чаршија, што е значајно за зачувување на локалното културно наследство и за развојот на градот, додека во Аеродром се уредува јавната површина зад трговскиот центар „Капитол“.

Во Охрид се гради катна гаража, со која треба да се решава деценискиот проблем со недостигот од паркинг-места во туристичкиот бисер. Во Ресен се реконструираат улици и се градат пешачки патеки, додека Кавадарци доби нов и модерен базен.

Општина Ѓорче Петров со владините средства ќе гради нова детска градинка, а во Тетово ќе се градат водоводна мрежа во населбата Вонвардарска и ново средно училиште. Во Демир Капија ќе се реконструира фудбалско игралиште и ќе се гради нов тениски терен.

Виница доби средства за партерно уредување на просторот кај градскиот пазар, Конче за поставување фотонапонска централа на покривот на општинската зграда, а Куманово за изградба на краци од секундарната гасоводна мрежа на неколку улици.

Токму ваквите инвестиции имаат најдиректен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните, бидејќи тие секојдневно ги користат улиците, училиштата, јавните установи и комуналната инфраструктура.

Затоа е важно јавните средства, вклучително и средствата од унгарскиот кредит, да бидат насочени кон решавање на проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат.

Политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развојот да не биде концентриран само во најголемите градови, туку секоја општина да добие можност да напредува, да инвестира и да ги решава проблемите што со години останувале нерешени, порача Коцевски.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top