На прво место

Македон блесна на меѓународна олимпијада, освои злато и престижно признание во конкуренција од 56.913 натпреварувачи

Младиот математички гениј освои златен медал, постигна највисок индивидуален резултат и ја доби престижната „George Lenchner Medal“

Македонија повторно има причина за гордост. Младиот математички талент Македон Димитровски постигна извонреден успех на престижниот меѓународен натпревар „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ (MOEMS), натпревар кој се организира на ниво на американски училишта во САД и ширум светот.

Димитровски најпрво освои златен медал во екипна конкуренција, а потоа го постигна и највисокиот индивидуален резултат меѓу сите учесници на олимпијадата.

Како круна на овој блескав успех, Македон ја доби и престижната „George Lenchner Medal“, признание што се доделува за апсолутно најдобар резултат на натпреварот. Со тоа тој се најде на самиот врв меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи од САД и од многу земји низ светот.

По повод големиот успех, неговиот татко Владимир Македон Димитровски на социјалните мрежи ја сподели својата гордост:

„Голема гордост за нашиот Македон! Со извонреден успех тој освои златен медал во екипна конкуренција, потоа постигна највисок индивидуален резултат меѓу сите учесници. Како врв на овој огромен успех, Македон ја доби и престижната George Lenchner Medal за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи. Ова е резултат на посветеност, труд и вистинска љубов кон математиката. Честитки Македон – продолжи да блескаш!“

Успехот на Македон Димитровски претставува уште една потврда за неговиот исклучителен талент и континуирана посветеност кон математиката. Натпреварот MOEMS важи за една од најреномираните математички организации во САД, чија мисија е да ги поттикнува младите да развиваат логичко размислување и креативно решавање проблеми.

Ова не е прв голем меѓународен успех за младиот Македон. Само пред неколку недели тој оствари историски резултат и на Германската математичка олимпијада, каде што освои два златни медала – во индивидуална конкуренција по математика и во математички предизвик, а беше вброен и меѓу лауреатите на натпреварот.

Успесите на Македон Димитровски се вистинска афирмација на македонското знаење и талент и доказ дека Македонија има млади луѓе способни да се натпреваруваат и победуваат на највисоко светско ниво.

Најново од: На прво место

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи. На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 […]

Платформата бара оставка од Филипче

Сите останати се борат да победат, само Филипче и фракцијата слават и кога губат. Четвртото место на СДС во Брвеница е директна одговорност на ова раководство на партијата, се наведува во соопштението на Платформата за промени во СДС. По резултатот од првиот круг на изборите за градоначалник на општина Брвеница, во кој кандидатот на СДС […]

Филипче и СДС: Изгубивме убедливо — подгответе ја прославата!

Победниците обично слават, а поразените анализираат. СДС на чело со Филипче, конечно го надминавме тој „застарен“ обичај: победниците нека ја водат општината, поразените ќе ја водат прославата! Брвеница гласаше, кутиите се отворија, гласовите се преброија. ВМРО-ДПМНЕ — СДС: 4:1. Но вистинската неизвесност почна потоа: како СДС ќе го претвори убедливиот пораз во охрабрувачка вест? И […]

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство во Брвеница — на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласа и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг во Брвеница. На 1 ноември влегуваме во вториот круг со голема предност и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба, порача Ковачки. Ковачки упати благодарност до сите граѓани на општина Брвеница кои излегоа на гласање […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо прва во Брвеница — повеќе од четири спрема еден во однос на СДС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи убедливо водство на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски во првиот круг од изборите за градоначалник на Брвеница. Тој порача дека резултатот претставува потврда на довербата во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, но и обврска за продолжување на инвестициите и решавање на проблемите на граѓаните. Мицкоски истакна дека […]

Стојанчо Радичевски со 2.943 гласови води во Брвеница — во вториот круг со Аркин Јахи

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, освои 2.943 гласови, односно 38,90%, според првичните резултати на Државната изборна комисија. Со предност од 791 глас пред второпласираниот Аркин Јахи, Радичевски влегува во вториот изборен круг. Според податоците на ДИК, ажурирани на 18 октомври во 21:27 часот, обработени се сите 24 избирачки места во Општина […]

Светски подвиг на Матка: нов светски рекорд во пештерско нуркање

Македонски, полски и италијански нуркачи ги поместија границите на истражувањето на Врело. Според Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, достигнувањето претставува нов светски рекорд во пештерско нуркање. Под мирната површина на Матка, меѓу карпите што го чуваат едно од највпечатливите природни богатства на Македонија, меѓународен тим нуркачи оствари исклучителен подвиг. Во рамките на експедицијата „Врело 2026“, подводната пештера […]

To top