На прво место

Македонија е пред историска одлука – Чебрен и Галиште ќе ги градиме сами

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата е многу блиску до донесување одлука хидроенергетските проекти „Чебрен“ и „Галиште“ да се реализираат со домашни капацитети, без вклучување на странски концесионери или партнери.

Според него, по повеќедецениските неуспешни обиди за избор на стратешки инвеститор, државата располага со доволно аргументи и анализи за самостојно да пристапи кон реализација на двата капитални енергетски проекти.

„Многу сме блиску до одлука сами да ги градиме Чебрен и Галиште. Тоа би било историски чекор за македонската енергетика и за долгорочната енергетска стабилност на државата“, истакна Мицкоски.

Хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ на реката Црна со децении се сметаат за едни од најзначајните неискористени енергетски потенцијали во Македонија. Нивната изградба би овозможила зголемување на производството на електрична енергија, подобро управување со водните ресурси и поголема сигурност на електроенергетскиот систем.

Изјавата на премиерот доаѓа во период кога Владата најавува засилени инвестиции во енергетиката и поставува амбициозна цел Македонија до крајот на годината за првпат по подолг период да стане нето-извозник на електрична енергија.

Доколку биде донесена конечната одлука, проектот „Чебрен – Галиште“ ќе претставува една од најголемите инфраструктурни и енергетски инвестиции во поновата македонска историја.

Најново од: На прво место

„Патување кон корените“ – по 20 години доаѓа во Македонија

Од семејна приказна до филм и изложба Пред дваесет години Петро Алексовски, кој живее во Полска, и неговиот брат решиле на светот да му ја раскажат приказната на своето семејство. Од желбата да ги сочуваат спомените и семејното минато постепено се родила идејата приказната да добие поширок живот – преку филм и изложба. Братот починал, […]

Филипче ја потценува меморијата на граѓаните

Кога Венко Филипче тврди дека „сега се живее многу полошо отколку пред две-три години“, а истовремено ветува дека СДС повторно ќе ја освои власта, ќе ја внесе Македонија во Европската Унија и ќе ги задржи младите дома, неизбежно се поставува прашањето: дали навистина очекува граѓаните да заборават што се случуваше во годините кога неговата партија […]

Македонска гордост: 12-годишниот Македон Димитровски меѓу исклучителните таленти на „Џонс Хопкинс“

Македонска гордост: 12-годишниот Македон Димитровски меѓу исклучителните таленти на „Џонс Хопкинс“ Само на 12 години, Македон Димитровски постигна успех што заслужува големо внимание – примен е во престижната Програма за талентирани млади (Center for Talented Youth – CTY) при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Соединетите Американски Држави. Неговите извонредни резултати уште еднаш покажуваат дека Македонија има […]

ВМРО-СДРМА – Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка.

ВМРО-СДРМА и идејата Македонија да стане ѕвезда на американското знаме Во годините непосредно по Втората светска војна, група млади Македонци одбила да се помири со поделбата на Македонија и со неостварениот идеал за самостојна и обединета македонска држава. Во Прилеп се појавила ВМРО-СДРМА – организација која излезот го гледала во создавање Самостојна Демократска Република Македонија […]

Мицкоски за посетата на САД: Планирани средби на ултра високо ниво со државници и финансиски институции

Премиерот Христијан Мицкоски најави средби на ултра високо ниво во американскиот Сенат, Конгресот и Стејт департментот, како и разговори со претставници на финансиската институција DFC, државници и влијателни тинк-тенк организации, во рамките на претстојната посета на Соединетите Американски Држави. Мицкоски утре со владина делегација заминува за САД, каде најпрво ќе престојува во Вашингтон, а потоа […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија се сопатници низ времето

ВМРО-ДПМНЕ уште во периодот кога Македонија беше дел од југословенската федерација беше единствената политичка партија која отворено зборуваше за независна, демократска и суверена македонска држава, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. На денешната панел-дискусија „Повеќе учество – повеќе демократија“, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати претседателот на партијата и […]

Кој ќе одговара за 14-те жртви во Тетово – СДС да престане со двојните стандарди за Кочани

СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани – кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница? СДС треба да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневнополитички пресметки и собирање политички поени. Кога се зборува за човечки животи, мора да важат исти аршини за сите, а јавноста има право да праша: […]

Осум дена притвор за 39-годишник од Черкези поради закани кон премиерот Мицкоски

Осум дена притвор му е определен на 39-годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени преку социјалните мрежи кон премиерот Христијан Мицкоски. Според изјавата на премиерот, во објавените пораки имало тешки навреди, пцовки кон него и неговото семејство, како и закана дека ќе биде „колен на плоштад“. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за заканите […]

To top