На прво место

Македонски историски календар: 3 август – слободно Крушево, Крушевската Република и борбата за македонска државност

Македонска Нација

Македонска Нација

На 3 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е нераскинливо поврзан со ослободувањето на Крушево, воспоставувањето на Крушевската Република, херојските борби на илинденските востаници и завршувањето на Првото заседание на АСНОМ.

1903 – Ослободено е Крушево

Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1903 година, околу 750 востаници, организирани во повеќе одреди и предводени од Никола Карев, започнале напад врз Крушево.

По повеќечасовни борби со османлиските сили, на 3 август градот бил ослободен. Над Крушево било развиорено востаничкото знаме, а народот го дочекал долгоочекуваниот миг на слободата.

Ослободувањето на градот претставувало една од најголемите победи на Илинденското востание и овозможило воспоставување востаничка власт.

1903 – Воспоставена е Крушевската Република

По ослободувањето на Крушево била воспоставена Крушевската Република, организирана врз демократски и републикански начела.

На чело на востаничката власт застанал Никола Карев. Бил формиран Совет на Републиката од 60 претставници, како и привремена извршна власт задолжена за снабдувањето, финансиите, здравството, судството, редот и безбедноста.

Во ослободеното Крушево бил упатен и Крушевскиот манифест, со кој населението, без разлика на верата и народноста, било повикано да не им помага на османлиските сили и да ја поддржи борбата за слобода.

Крушевската Република траела само десетина дена, но останала вечен симбол на македонскиот стремеж за сопствена држава, народна власт и слободен живот.

1903 – Херојска борба кај Дреновица

На 3 август 1903 година, во месноста Дреновица кај Кавадарци, четата на тиквешкиот војвода Петар Јуруков водела жестока борба против многубројна османлиска војска што се движела кон Крушево.

Борбата траела повеќе од пет часа. Востаниците успеале да го задржат противникот и да го забават неговото движење, но платиле висока цена – загинале 17 борци од четата.

Нивната жртва била дел од пошироката борба со која македонските востаници се обидувале да ги заштитат ослободените територии и да го спречат задушувањето на востанието.

1944 – Завршило Првото заседание на АСНОМ

Во утринските часови на 3 август 1944 година завршило Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, одржано во манастирот „Свети Прохор Пчински“.

На заседанието АСНОМ било конституирано како врховно законодавно и извршно претставничко тело на македонската држава. Македонскиот јазик бил прогласен за службен јазик, а биле поставени темелите на современата македонска државност.

Со одлуките на АСНОМ, илинденскиот идеал од 1903 година добил државноправна потврда. Борбата на илинденците била продолжена од асномците, обединувајќи ги двата Илиндена во една историска цел – слободна македонска држава.

Трети август останува запаметен како ден на слободно Крушево, на Крушевската Република и на заокружувањето на историските одлуки на АСНОМ. Тоа е ден што сведочи дека македонската државност е создадена со борба, саможртва и непоколеблива вера во правото на македонскиот народ да живее слободно во сопствена држава.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top