Тема: Македонски историски календар

Охридското Езеро доби свој именик на Титан

На 16 септември 2010 година Меѓународниот астрономски сојуз официјално го одобри името Ohrid Lacus за едно од езерата на Титан, најголемата месечина на Сатурн. Името е дадено според Охридското Езеро во Македонија, најстарото природо езеро во Европа. Со ова, името Охрид стигна и на картата на Сончевиот Систем. Ohrid Lacus се наоѓа во северната поларна […]

Македонски историски календар: 14 септември

14 септември 1924 – Убиен е Арсениј Јовков Во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционер, поет, публицист, новинар и филмски сценарист. Јовков е роден на 25 март 1884 година во селото Селци, Струшко. Уште како млад се вклучил во македонското револуционерно движење, а во 1903 година учествувал во Илинденското востание. Значајно […]

Македонски историски календар: 12 септември

На 12 септември 1924 година, само десетина дена по убиството на Тодор Александров, во Горна Џумаја, денешен Благоевград во Пиринска Македонија, започнале драматични пресметки во редовите на ВМРО. Убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година предизвикало голема организациска и политичка криза. Истакнати дејци на Организацијата договориле средба во Горна Џумаја на 12 септември, […]

Македонски историски календар: 11 септември

1903 – Борба на македонските востаници на планината Плавица На 11 септември 1903 година, во времето на Илинденското востание, на планината Плавица во Кратовско се водела жестока еднодневна борба меѓу здружените чети на македонските војводи Славчо Ковачев и Атанас Бабата и бројната османлиска војска. Македонските револуционери, иако послабо вооружени и многубројно надминати, храбро ги бранеле […]

Македонски историски календар: 7 септември

На 7 септември се одбележуваат значајни настани од македонската историја, меѓу кои смртта на револуционерот Аргир Манасиев и ослободувањето на Кавадарци и Македонски Брод во текот на Народноослободителната борба. 1932 – Починал македонскиот револуционер Аргир Манасиев На 7 септември 1932 година починал Аргир Наков Манасиев, македонски револуционер, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Роден […]

Македонски историски календар: 5 септември

1919 – Роден е Владо Малески, авторот на македонската химна Во Струга е роден Владо Малески, истакнат македонски писател, револуционер, учесник во Народноослободителната борба, новинар, сценарист, дипломат и општествено-политички работник. Малески е автор на текстот на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, како и на сценариото за „Фросина“ – првиот македонски игран филм. Бил […]

Македонски историски, културен и црковен календар: 4 септември

1933 – Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“ „Македонска правда“ бил весник на македонската емиграција во Бугарија, преку кој биле разгледувани прашања поврзани со положбата на Македонија, македонското ослободително движење и идејата за создавање балканска федерација. 1944 – Загинал Методија Шаторов-Шарло На 4 септември 1944 година, во сè уште недоволно разјаснети околности […]

Македонски историски и црковен календар во границите на етничка Македонија: 31 август

На 31 август православните христијани го празнуваат споменот на преподобен Јован Рилски. Преподобен Јован Рилски е еден од најпочитуваните православни подвижници на Балканот. Роден бил во селото Скрино. По смртта на родителите се замонашил и се повлекол во осаменички живот, посветен на молитва, пост и духовни подвизи. Подоцна се населил во Рилската Планина, каде околу […]

Македонски историски календар 30 август

30 август 1903 година – борбите во Копачијата Во текот на Илинденското востание, на 30 август 1903 година, околу 500 османлиски војници од дебарскиот гарнизон го минале планинскиот превој Јама и го нападнале селото Душогубица во Копачијата. Нападот бил дел од обидот на османлиската војска повторно да воспостави контрола врз востаничката територија. Населението и востаниците […]

Македонски историски и црковен календар – 29 август

Дваесет и деветти август е ден што ги поврзува духовното наследство на македонскиот народ со споменот за Илинденското востание, народноослободителната борба и трагичниот крај на Граѓанската војна во Егејска Македонија. На 29 август Македонската православна црква го празнува пренесувањето на Неракотворниот лик на Господ Исус Христос од Едеса во Месопотамија во Цариград. Според црковното предание, […]

Македонски историски и црковен календар во границите на етничка Македонија – 27 август

27 август 1903 – Завршиле деновите на слободна Клисура Во текот на Илинденското востание, на 4 август 1903 година македонските востаници го ослободиле гратчето Клисура во Костурско, во Егејскиот дел на Македонија. Клисура останала во рацете на востаниците до 27 август, кога османлиската војска, по силен воен притисок, повторно воспоставила контрола врз гратчето. Речиси три […]

Македонски историски и црковен календар – 26 август

Македонски историски и црковен календар – 26 август На 26 август се одбележуваат повеќе значајни настани и личности од македонската историја. Овој датум нè потсетува на уметничкото наследство на Томо Владимирски, раѓањето на скопјанката Мајка Тереза, херојската погибија на Овадија Естреја – Мара, борбата на Македонците од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија и духовното […]

To top