На прво место

Македонски историски календар: 5 септември

1919 – Роден е Владо Малески, авторот на македонската химна

Во Струга е роден Владо Малески, истакнат македонски писател, револуционер, учесник во Народноослободителната борба, новинар, сценарист, дипломат и општествено-политички работник.

Малески е автор на текстот на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, како и на сценариото за „Фросина“ – првиот македонски игран филм. Бил првиот глас на Радио Скопје, директор на радиото и уредник на списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“.

Меѓу неговите позначајни книжевни дела се „Ѓурѓина алова“, „Бранувања“, „Она што беше небо“, „Војната, луѓе, војната“, „Разбој“ и „Записи на Езерко Дримски“. Починал на 23 септември 1984 година во родната Струга.

1999 – Откриен споменик на Мајка Тереза во Скопје

Пред Домот на Армијата во Скопје бил откриен споменик посветен на Мајка Тереза – големата хуманистка родена во македонската престолнина и добитничка на Нобеловата награда за мир во 1979 година.

Споменикот претставувал уште едно признание од нејзиниот роден град за животот посветен на сиромашните, болните и напуштените.

2000 – Почнал процесот на денационализација во Република Македонија

Со симболично предавање на клучевите од национализиран дуќан на улицата „Максим Горки“ во Скопје бил означен почетокот на процесот на денационализација во Република Македонија.

Со овој процес започнало враќањето на имотите што по Втората светска војна биле одземени од нивните сопственици и ставени во државна сопственост.

2009 – Потонал бродот „Илинден“ во Охридското Езеро

На 5 септември 2009 година во Охридското Езеро се случила една од најголемите трагедии во поновата македонска историја. Туристичкиот брод „Илинден“, кој пловел од Охрид кон Свети Наум, потонал во близина на автокампот „Елешец“.

Во несреќата животот го загубиле 15 туристи од Бугарија, додека 42 лица, меѓу кои и двајца членови на екипажот, биле спасени. Во спомен на жртвите во Охрид е подигнато спомен-обележје.

Најново од: На прво место

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

Најнови вести

To top