На прво место

Македонски историски календар: 4 август – херојските битки на илинденците и прогонот на Македонците

Македонска Нација

Македонска Нација

На 4 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е запаметен по херојските борби на македонските востаници во Кичевско и Костурско во 1903 година, по воспоставувањето на диктатурата на Јоанис Метаксас во Грција и по смртта на македонскиот национален деец Сократ Маркилов.

Битката кај Ѓурѓејца во Кичевско

На 4 август 1903 година, само два дена по почетокот на Илинденското востание, кај месноста Ѓурѓејца, над кичевското село Карбуница, се одиграла една од најкрвавите битки во Кичевскиот Револуционерен Округ.

Македонските востаници, иако послабо вооружени и соочени со побројна османлиска војска, дале силен отпор. Битката кај Ѓурѓејца останала запаметена како пример за храброста, пожртвуваноста и решителноста на илинденците да се борат за слободна Македонија.

Ослободувањето на Клисура во Костурско

Истиот ден, на 4 август 1903 година, востаниците од Костурскиот Револуционерен Реон го нападнале и го ослободиле гратчето Клисура во Егејскиот дел на Македонија. Во акцијата учествувале повеќе востанички чети, а ослободувањето на Клисура било еден од најголемите успеси на Илинденското востание во Костурско.

Со заземањето на ова стратешки значајно место, востаниците воспоставиле своја контрола и покажале дека востанието не било ограничено само на Крушево и Битолскиот Регион, туку било широко распространето низ Македонија. Клисура останала под востаничка власт сè до силниот противнапад на османлиската војска.

Диктатурата на Метаксас и прогонот на Македонците

На 4 август 1936 година, генералот Јоанис Метаксас воспоставил диктаторски режим во Грција. Неговата власт спроведувала политика на насилна асимилација и забрана на македонскиот јазик во Егејскиот дел на Македонија.

Македонците биле казнувани, апсени и прогонувани поради употребата на својот мајчин јазик и изразувањето на македонската национална припадност. Македонските имиња и презимиња биле менувани, а државниот апарат настојувал да ги избрише македонската свест, култура и историска меморија.

Починал македонскиот национален деец Сократ Маркилов

На 4 август 1993 година, во Бања Банско, Струмичко, починал Сократ Данаилов Маркилов – истакнат македонски национален деец и борец за правата на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија.

Маркилов е роден на 12 април 1921 година во селото Бутково, Валовишко. За време на Втората светска војна се приклучил на антифашистичкото движење, а по војната живеел во Петрич. Поради својата јасна македонска национална определба бил прогонуван и повеќепати затворан од бугарските власти, поминувајќи вкупно 17 години во затвор.

Во 1968 година бил еден од основачите на тајната Независна македонска организација „Илинден“, а во 1990 година учествувал во основањето на Обединетата македонска организација ОМО „Илинден“. До крајот на животот останал непоколеблив борец за признавање на македонскиот народ и неговите национални права.

Настаните од 4 август сведочат за различните облици на македонската борба – од оружениот отпор на илинденците, преку спротивставувањето на насилната асимилација, до истрајната борба за човекови и национални права. Тие се траен потсетник дека македонското име, јазик и идентитет биле зачувани со големи жртви, храброст и непокор.

Најново од: На прво место

Вистината е како шило – понекогаш доцни, но секогаш излегува на површина

Доказ за „демократијата“ во Бугарија, членка на ЕУ? Во аудиоснимките што ги објави бугарскиот новинар Станислав Цанов, Ива Михаилова зборува за притисок од бугарската служба ДАНС и за закани дека ќе ѝ биде ускратена рехабилитацијата. Случајот на Ива Михаилова, кој дел од бугарските политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, сега […]

Ај ред се редат мале секојдневни црни сценарија на СДС

На „Ајде, ред се редат, мале“ човек прво ќе се сети на кочанските сејмени. По прес-конференциите на СДС, песната си доби и нов рефрен. Ајде, ред се редат мале, црните сценарија на СДС. Во СДС постојано предупредуваат дека буџетот е празен, празен ден во календарот за прес-конференции, пак тешко се наоѓа. Еднаш економијата е пред […]

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

To top