На прво место

Мицевски: Речиси 400 испитувања покажале неисправна вода во времето кога Филипче бил министер

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека јавноста не била информирана за резултатите и побара Јавното обвинителство веднаш да го испита случајот

Речиси 400 испитувања на водата, направени во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, покажале дека таа била неисправна, но тогашната власт не ги информирала граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Никола Мицевски, член на Извршниот комитет и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицевски, надлежните институции не презеле соодветни мерки и ги сокриле податоците од јавноста.

„Со Филипче како министер водата била неисправна, а тоа се криело од граѓаните. Речиси 400 испитувања на водата, во периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство и СДС беше на власт, покажале дека граѓаните пиеле неисправна вода“, рече Мицевски.

Тој обвини дека Филипче и СДС, поради политички интереси, не ја информирале јавноста за опасноста.

На прес-конференцијата Мицевски издвои неколку случаи за кои, како што посочи, постои документација:

  • На 19 мај 2021 година, испитувањето на водата од Водостопанство „Лисиче“ во Велес покажало дека таа не одговара на одредбите од Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.
  • На 22 јуни 2021 година, истиот резултат бил утврден и при испитувањето на водата од локалниот водовод во селото Нивичани, Кочанско.
  • На 20 јули 2021 година, водата во Пештани, Охридско, не ги исполнувала пропишаните стандарди, по што на 23 јули биле составени записник и решение за забрана.
  • На 10 ноември 2021 година, било утврдено дека водата од чешма во училиштето „Страшо Пинџур“ во селото Уларци, Чешиновско, не била во согласност со законските прописи.
  • На 11 јануари 2022 година, водата во Здравствениот дом во Делчево не била исправна за пиење.

Мицевски нагласи дека јавноста не била информирана ниту за овие, ниту за многу други случаи.

„Болниците се полнеле, на граѓаните очигледно им било лошо, но никој не знаел од што, додека власта тоа вешто го криела“, изјави тој.

Според Мицевски, за случајот веќе е известено Министерството за внатрешни работи, а релевантната документација треба да биде доставена до Јавното обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ очекува Обвинителството веднаш и без одлагање да постапи, да ги испита сите наводи и, доколку се утврдат пропусти или злоупотреби, да побара одговорност од надлежните лица.

Најново од: На прво место

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите, порача Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава: „Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле […]

Во спомен на Македонците кои не се вратија во својата татковина

„Илустрација на споменикот посветен на Македонците кои својот нов дом го најдоа во Полска, според најавата за свеченото откривање во Полице.“ Петро Алексовски, кој живее и твори во Полска, е автор на споменикот, на документарниот филм „Македонецот“ и на изложбата „Мајко мила“. На 19 ноември 2026 година, во 11:00 часот, на гробиштата во Полице, Полска, […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

To top