Тема: јавно здравје

Мицкоски: За помалку од четири недели целосно е прочистен водоводниот систем во Гостивар

Водоводниот систем во Гостивар за помалку од четири недели е целосно прочистен, како никогаш досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Главниот штаб за управување со кризи вчера соопшти дека водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење. Забраната за нејзина употреба беше воведена на 17 јули, откако надлежните институции утврдија дека во текот на […]

Додека Филипче и Заев одмораат на Егејот, СДС шири дезинформации и страв

Додека Венко Филипче и Зоран Заев одмораат на Егејот, очигледно решиле политиката да ја водат преку ширење дезинформации и создавање страв и несигурност кај граѓаните. Ширењето непроверени информации за исправноста на водата во Скопје е крајно неодговорно. СДС и Филипче не смеат да си играат со довербата на јавноста и со чувството на сигурност кај […]

Водата во Гостивар може да се пие

Водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење, соопштија надлежните по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, информираше дека забраната е укината и дека граѓаните повторно можат да ја користат водата за пиење и за приготвување храна. Сепак, на жителите им се препорачува […]

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар е значително подобрена, но сè уште не е за пиење

Состојбата со водата е значително подобрена, а последните лабораториски наоди покажуваат позитивни резултати. Сепак, потребно е дополнително време пред таа официјално да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека конечната одлука ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство, откако надлежните испитувања ќе […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчел за небезбедната вода

„Талогот од СДС, кој сега глуми грижа за здравјето на граѓаните, собира политички поени и шири хистерија за водата за пиење, додека беше на власт и раководеше со институциите, не направи ништо за да ги реши проблемите. Проблеми со квалитетот на водата за пиење имаше и во времето кога Венко Филипче беше министер за здравство, […]

Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар

Граѓаните на општина Гостивар со години, додека на власт беше предавничката СДС, пиеја небезбедна вода. И додека гостиварчани се труеја со загадена вода за пиење, талогот на СДС, кој денес глуми загриженост, само за да ќари некој беден политички поен, со години молчеа. Иако тогаш направените анализи, во повеќе наврати во гостиварскиот водовод, утврдија небезбедна […]

Мицевски: Речиси 400 испитувања покажале неисправна вода во времето кога Филипче бил министер

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека јавноста не била информирана за резултатите и побара Јавното обвинителство веднаш да го испита случајот Речиси 400 испитувања на водата, направени во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, покажале дека таа била неисправна, но тогашната власт не ги информирала граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Никола […]

To top