На прво место

Мицкоски: За помалку од четири недели целосно е прочистен водоводниот систем во Гостивар

Водоводниот систем во Гостивар за помалку од четири недели е целосно прочистен, како никогаш досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Главниот штаб за управување со кризи вчера соопшти дека водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење. Забраната за нејзина употреба беше воведена на 17 јули, откако надлежните институции утврдија дека во текот на 22 дена со пумпи била внесувана фекално загадена вода во градскиот водовод.

Заразени беа повеќе од 5.000 граѓани. На 19 јули беше прогласена епидемија, а два дена подоцна Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на подрачјето на Гостивар.

Како потврда дека водата е безбедна, членовите на Кризниот штаб вчера се напија вода од чешма.

Мицкоски денеска нагласи дека со водоводот и со снабдувањето на граѓаните на Гостивар со вода стопанисува јавно претпријатие со сопствено раководство.

„Раководството го поставува градоначалникот, а градоначалникот беше поддржан на локалните избори од СДСМ. Затоа од СДСМ нема да слушнете дека бараат одговорност од градоначалникот, бидејќи тој е нивен кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност таму каде што ја нема. Напротив, Владата даде сѐ што можеше состојбата да се нормализира, како никогаш досега. Обвинителството и МВР веќе водат истрага за тоа зошто во минатото, иако имало голем број извештаи според кои квалитетот на водата во Гостивар не бил задоволителен и не соодветствувал со правилникот, ништо не било преземено од некои претходни министри. Ценам дека опозицијата треба повеќе да се посвети на тоа и да даде одговор, бидејќи тие министри биле од нивните редови. Можеби треба лично да ги прашаат зошто не постапувале“, рече Мицкоски.

Изјавата ја даде по отворањето на новата спортска сала во Основното училиште „Круме Кепески“ во скопската Општина Кисела Вода.

Премиерот рече дека Владата во изминатите четири недели секојдневно обезбедувала по два до три шлепери, односно приближно од 50 до 60 тони вода за пиење. Помошта се доставувала додека системот не бил доволно прочистен и параметрите за квалитетот на водата не го достигнале потребното ниво. Техничка вода, според него, била обезбедена уште по првата недела.

„Од овој момент натаму, грижата целосно ја презема јавното претпријатие што ја обезбедува услугата, односно гостиварскиот водовод. Што се однесува до одговорноста, знам дека Обвинителството постапуваше и дека се обезбедени неколку лица. Обвинителството и МВР сѐ уште постапуваат и истрагата не е завршена. Таа треба да продолжи до крај, сѐ додека не бидат опфатени сите што имаат и најмала одговорност и не се утврди кој е виновен за состојбата со која се соочивме“, кажа Мицкоски.

Основното јавно обвинителство во Гостивар на 21 јули соопшти дека отворило истрага, по што судот им определи 30-дневен притвор на директорката на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ и на двајца раководители на сектори.

Тие се осомничени за тешки дела против животната средина и природата. Според Обвинителството, тројцата дале налог за поставување пумпи преку кои непречистена вода се мешала со водата за пиење, што довело до масовно заболување на граѓаните.

Најново од: На прво место

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира по член 315 од Кривичниот законик

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавите на Богданка Кузеска, ја обвинува СДС дека свесно создава хистерија со цел да предизвика страв и несигурност кај граѓаните. Од партијата го повикуваат Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на делото саботажа. Во продолжение го пренесуваме соопштението: „СДС никако да престане со умисла […]

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

To top