На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчел за небезбедната вода

„Талогот од СДС, кој сега глуми грижа за здравјето на граѓаните, собира политички поени и шири хистерија за водата за пиење, додека беше на власт и раководеше со институциите, не направи ништо за да ги реши проблемите.

Проблеми со квалитетот на водата за пиење имаше и во времето кога Венко Филипче беше министер за здравство, како и во текот на целиот период на владеење на СДС.

Документите од извршените испитувања, кои беа презентирани во јавноста, покажуваат дека во периодот на владеење на СДС и министерувањето на Филипче биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во повеќе населени места низ државата, меѓу кои и во Гостивар.

Но, препознатливиот талог од СДС, предводен од Венко Филипче, тогаш имаше поважна работа од грижата за здравјето на граѓаните и безбедноста на водата за пиење. Талогот од СДС беше зафатен со местење тендери, ограбување на државата и распродавање на сè што е македонско.

Зафатени со распродавање на националните интереси, претставниците на предавничкиот СДС немаа време ниту да ги известат граѓаните дека не треба да ја користат водата, ниту да преземат мерки за решавање на проблемите, ниту да повикаат некого на одговорност.

Ниту еден директор не беше разрешен или процесуиран од истражните органи, а ниту еден градоначалник не беше повикан на морална или кривична одговорност поради труењето на граѓаните со небезбедна вода за пиење.

Наместо да преземе конкретни мерки и да покаже отчетност, предавничкиот СДС дозволи проблемите да се натрупуваат, без граѓаните да добијат одговор што било преземено врз основа на наодите и анализите.

Денес истите политички актери се обидуваат да зборуваат за одговорност, иако токму за време на нивниот мандат не беа преземени соодветни чекори за санкционирање на пропустите.

Наместо да морализираат и да шират хистерија, талогот од СДС и предавникот Венко Филипче треба јавно да објаснат зошто со години немало институционална одговорност за случаите со небезбедна вода за пиење и кои конкретни мерки ги презеле за надминување на овие проблеми.

Граѓаните заслужуваат транспарентност, отчетност и еднаков пристап кон утврдувањето на одговорноста, без политичка селективност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Сотирис Минас – Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Понекогаш силното сведоштво за еден народ доаѓа и од човек кој не му припаѓа по раѓање, но решил да го запознае, да го научи неговиот јазик и без предрасуди да ја побара вистината. Таков е грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – човек кој самиот го научил македонскиот јазик и преку поезијата гради мост меѓу […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен […]

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МОЈАТА ЗЕМЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА,… СИЛНА ПОРАКА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Јас сум Македонец. Мојата земја се вика Македонија. Мојата Црква се вика Македонска православна црква. Мојата нација е македонска нација. Овие силни зборови, изговорени од Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар на Алфа телевизија, нека одекнат во секој македонски дом – во Република Македонија, Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа и Гора, но и далеку од […]

Најнови вести

To top