На прво место

Мицкоски од Пелинце: Никогаш нема да направам предавство на штета на државата и народот

Премиерот порача дека секоја генерација има свој Илинден, а задачата на денешната е да изгради силна, праведна и просперитетна Македонија во која младите ќе ја гледаат својата иднина

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце по повод 2 Август – Илинден, порача дека никогаш нема да се откаже од борбата Македонија да стане подобро место за живеење и дека нема да прифати отстапки на штета на државните и националните интереси.

„Никогаш нема да се откажам од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење – наш дом и наша иднина. Никогаш нема да го прифатам нивното однесување на отстапки кон прашањата што се блокада на нашиот пат кон ЕУ и никогаш нема да го разочарам народот. Јас предавства на штета на државата и народот, како што се правеше во минатото, по ниту една цена нема да направам“, истакна Мицкоски.

Илинден е завет и карактер на македонскиот народ

Премиерот нагласи дека Илинден не е само датум од македонската историја, туку завет и израз на непокорниот карактер на народот.

Според него, двата Илиндена претставуваат една историска целина, бидејќи Крушево и АСНОМ не се две одделни приказни, туку две страници од иста книга, испишана со вера, храброст и одлучност Македонија да биде своја, достоинствена и слободна.

„Во Крушево се роди идејата дека слободата вреди повеќе од животот. На АСНОМ, недалеку од ова место, во манастирот ‘Св. Прохор Пчињски’, таа идеја доби своја државотворна форма“, рече Мицкоски.

Тој ги издвои претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, и првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, како две значајни личности што ги предводеле овие државотворни процеси.

Мицкоски потсети дека делегатите на Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година темелот за изградбата на македонската држава го пронашле во Илинденското востание од 1903 година и во борбата на македонските комити и војводи за слободна и автономна Македонија.

Посочи и дека со Декларацијата за основните права на граѓаните биле утврдени слободата на говорот и вероисповедта, правото на национална припадност, движење и приватна сопственост, како и правото на глас на жените.

Секоја генерација има свој Илинден

Премиерот оцени дека одбележувањето на Илинден не треба да биде само навраќање кон славното минато, туку и повод за преиспитување дали денешните генерации се достојни наследници на жртвата на илинденците и асномците.

„Историјата не бара од нас да ги повторуваме нивните чекори. Историјата бара да ја покажеме истата храброст. Секоја генерација има свој Илинден“, порача Мицкоски.

Според него, задачата на денешната генерација е да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна и праведна и повторно да изгради земја во која граѓаните ќе веруваат дека вреди да се остане, да се работи, да се создава и да се основа семејство.

„Народ што живее само од својата историја полека почнува да ја губи својата иднина. Но, народ што ја почитува својата историја, а храбро ја создава својата иднина, никој не може да го запре“, истакна премиерот.

Битка за довербата, достоинството и надежта

Мицкоски порача дека денес не се води само политичка или економска битка, ниту само борба за нови инвестиции, повисоки плати, подобри училишта, модерни болници и нови патишта. Според него, се води и подлабока битка за духот на народот, вербата во државата и довербата во институциите.

„Нашата генерација има обврска да ја сочува душата, да ја врати вербата во институциите, да го врати достоинството на чесниот човек и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество“, нагласи тој.

Како особено опасна ја посочи состојбата во која еден народ престанува да верува во себе, се помирува со просечноста, се навикнува на неправдата и почнува да го прифаќа поразот како нормална состојба.

Премиерот порача дека државата мора повторно да им припаѓа на граѓаните, законите да важат еднакво за сите, трудот да биде наградуван, знаењето почитувано, а младите својата иднина да ја гледаат во Македонија.

Повик за национално единство

Во завршниот дел од обраќањето Мицкоски повика на обединување околу државните интереси, нагласувајќи дека татковината е поголема од секоја политичка партија, функција, мандат или поединец.

„Никогаш не сме победувале кога сме биле поделени, а секогаш сме победувале кога сме се обединувале околу голема цел. Така било во Крушево, така било на АСНОМ, така мора да биде и денес“, рече премиерот.

Тој порача дека целта е изградба на држава во која институциите ќе бидат посилни од поединците, законот од привилегиите, знаењето од партиската книшка, а успехот ќе биде резултат на труд, а не на врски.

„Немаме право да дозволиме омразата да стане поважна од љубовта кон татковината. Немаме право песимизмот да стане национална идеологија, цинизмот да ја замени визијата и некој да ја убие надежта кај народот“, нагласи Мицкоски.

Обраќањето го заврши со порака дека Македонија ќе остане исправена, обединета, достоинствена и непокорна и дека никогаш нема да отстапи од идеалите на Илинден и АСНОМ.

„Нека живее вечниот дух на Илинден! Нека живее државотворната мисла на АСНОМ! Нека живее нашата единствена татковина! Бог да ја благослови Македонија!“, порача премиерот Мицкоски.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top