На прво место

По патот на Црешовото Топче: Коњаницата на 29 јули ќе помине низ Кичево и ќе пристигне во Вранештица

Коњаниците го продолжуваат патот кон Крушево, носејќи ја илинденската порака за единство, почит кон предците и верност кон Македонија

На 29 јули 2026 година, среда, коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ ќе ја продолжи својата маршрута од манастирот Кнежино кон Кичево и Вранештица.

Поаѓањето од манастирот Кнежино е предвидено во 8 часот, по што коњаниците ќе се упатат кон Крушино, каде што треба да пристигнат околу 9 часот.

Во 10 часот е предвидено свеченото влегување во Кичево, а во 11 часот коњаниците ќе примат благослов во црквата. Потоа ќе го продолжат својот пат кон Вранештица.

Околу 12 часот коњаницата ќе помине покрај Општата болница во Кичево, а потоа преку селата Србјани и Староец ќе се упати кон својата следна станица.

Пристигнувањето во црквата „Св. Илија“ во Вранештица е предвидено околу 16 часот, каде што коњаниците ќе бидат пречекани од верниците, жителите и почитувачите на илинденската традиција.

Со секој изминат километар, коњаницата се приближува кон својата света цел – Крушево и Мечкин Камен. По македонските патишта повторно одекнува пораката дека жртвата на илинденците не е заборавена и дека нивниот аманет продолжува да живее.

Коњаниците го носат духот на Илинден, повикот за македонско единство и заветот дека љубовта кон татковината ќе се пренесува од поколение на поколение.

Распоред за 29 јули 2026 година:

  • 08:00 – Поаѓање од манастирот Кнежино кон Крушино
  • 09:00 – Пристигнување во Крушино
  • 10:00 – Влегување во Кичево
  • 11:00 – Благослов во црквата и продолжување кон Вранештица
  • 12:00 – Поминување покрај Општата болница во Кичево, преку Србјани и Староец
  • 16:00 – Пристигнување во црквата „Св. Илија“ во Вранештица

Најново од: На прво место

Во спомен на Македонците кои не се вратија во својата татковина

„Илустрација на споменикот посветен на Македонците кои својот нов дом го најдоа во Полска, според најавата за свеченото откривање во Полице.“ Петро Алексовски, кој живее и твори во Полска, е автор на споменикот, на документарниот филм „Македонецот“ и на изложбата „Мајко мила“. На 19 ноември 2026 година, во 11:00 часот, на гробиштата во Полице, Полска, […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

To top