На прво место

СДС бега од предвремени избори како ѓавол од темјан

Македонска Нација

Македонска Нација

Македонија тешко може да се сети на опозиција која секојдневно ја бомбардира јавноста со соопштенија, обвинувања и реакции, само за да ги потсети граѓаните дека сè уште постои на политичката сцена, а истовремено се плаши да побара предвремени парламентарни избори.

СДС настојува да создаде впечаток на голема политичка активност. Речиси секојдневно објавува нови обвинувања, најавува наводни афери и упатува критики кон Владата. Но, кога политичката реторика треба да се преточи во конкретна одлука и да се побара проверка на довербата кај граѓаните, партијата се плаши да побара предвремени избори.

Ако во СДС навистина веруваат во она што го пишуваат во своите соопштенија и во обвинувањата што ги упатуваат кон Владата, тогаш треба да го прифатат изборниот предизвик. Најдемократскиот начин за проверка на политичката сила не се секојдневните прес-конференции и партиските соопштенија, туку изборите.

Во спротивно, нивната бучна комуникација ќе остане само обид да се прикријат политичката слабост, недостигот од убедлива програмска понуда и стравот од ново соочување со волјата на граѓаните.

Премиерот на Владата на Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител испрати јасна порака до опозицијата:

– Ако опозицијата побара предвремени избори, ќе договориме термин и повторно ќе го победиме СДС.

Мицкоски нагласи дека Владата добила поддршка од граѓаните за четиригодишен мандат. Во тој период треба да ги спроведе најавените реформи, да ги реализира проектите од владината програма и да испорача конкретни резултати.

Сепак, тоа не значи дека власта ќе бега од изборно соочување доколку опозицијата официјално побара предвремени парламентарни избори.

Според Мицкоски, логично е секоја опозиција да настојува да дојде на власт и да тврди дека може подобро да управува со државата. Но, доколку СДС навистина е убеден дека ја има поддршката од граѓаните, тогаш тоа уверување треба да го преточи во официјално барање за избори.

– Нема да бегаме, се разбира. Нашиот мандат е четири години и за толкав период ја добивме поддршката од граѓаните за да испорачаме реформи. Но, доколку опозицијата ни фрли ракавица, нема кукавички да бегаме од избори. Напротив, подготвени сме во секое време да излеземе и да ги победиме – изјави Мицкоски.

Сега одлуката е кај опозицијата. Таа треба да покаже дали навистина верува во своите обвинувања и во сопствената политичка сила или секојдневните соопштенија ги користи само за создавање врева во јавноста.

На избори последниот збор секогаш го имаат граѓаните, а како што стојат работите, СДС се плаши од предвремено соочување со нивната волја, додека секојдневните соопштенија служат само за да се слушне гласот на партијата, која од предвремени избори бега како ѓавол од темјан.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top