На прво место

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа – за подобра, поразвиена и успешна Брвеница!

ВМРО-ДПМНЕ го избра Стојанчо Радичевски за кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори. Од партијата очекуваат обединување и широка поддршка за кандидатурата, со порака дека Брвеница заслужува чесно, одговорно и посветено раководење.

На редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, едногласно беше избран Стојанчо Радичевски за кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори.

Радичевски е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница и човек кој добро ги познава потребите, проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат жителите на општината.

Тој дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а своето образование го продолжил со постдипломски студии и се стекнал со звање магистер по граѓанско право.

Со кандидатурата на Радичевски, ВМРО-ДПМНЕ влегува во изборната трка со определба за одговорно управување, реализација на конкретни проекти и создавање подобри услови за живот во сите населени места во Општина Брвеница.

Од партијата очекуваат обединување на сите прогресивни сили и широка поддршка за кандидат кој, како што посочуваат, претставува чесно, искрено и одговорно решение за напредокот и иднината на Брвеница.

Претстојните вонредни локални избори ќе бидат можност граѓаните да изберат каква Брвеница сакаат – општина која ќе се развива, ќе ги решава секојдневните проблеми и ќе создава перспектива за младите и идните генерации.

 

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top