На прво место

Светиот крст од Ерусалим свечено пристигна во црквата „Света Огнена Марина“ во Зубовце.

Претставници на Еврејската заедница и на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија – го предадоа Светиот крст во храмот „Света Огнена Марина“.

Светиот Крст беше пречекан од голем број верници, жители на Зубовце, гости од соседните села и пријатели од цела Македонија.
Зубовце денес живее во знакот на верата, традицијата и македонското заедништво.

На овој возвишен духовен настан присуствуваа Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Тетовско-Гостиварски г. Јосиф, како и бројни Свештенослужители.

Црковните великодостојници беа пречекани на традиционален православен начин, со леб и сол и со искрени желби за здравје, среќа и благослов за жителите на Зубовце, соседните села и цела Македонија.

По свечениот пречек следуваше богослужба, при што беа испеани и две обредни погачи, подготвени од годинашните кумови. Во секоја од погачите беше ставена по една паричка, а по завршувањето на црковниот чин тие беа поделени меѓу присутните. Според традицијата, верниците кај кои ќе паднат паричките ја преземаат честа и обврската да бидат кумови на празникот Марена следната година.

Светиот крст ќе остане трајно духовно богатство во црквата „Света Огнена Марина“ и благослов за сите верници што ќе доаѓаат да му се поклонат.

По завршувањето на црковниот чин започна музичка прослава, а пред присутните настапи играорната група на КУД „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар. Со македонски песни и ора, играорците дополнително ја збогатија свечената и празнична атмосфера.

Добрите домаќини за гостите приредија традиционална трпеза со грав и сланина и сезонска туршија, во Зубовце позната како „туршија за три дена“.

Денешната прослава на Марена уште еднаш ги обедини верата, традицијата и македонското културно наследство, претворајќи го Зубовце во место на молитва, радост и заедништво.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top