На прво место

Владата прогласи кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Кризната состојба ќе важи на целата територија на Македонија во период од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од пожари на отворено и шумски пожари.

Одлуката ќе важи 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година, а нејзина цел е навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и целосно мобилизирање на расположливите институционални капацитети за заштита на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси.

Со одлуката се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе заседава постојано. Во рок од 24 часа Штабот треба да изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување на надлежните институции.

Владата ги задолжи сите органи на државната управа да постапуваат во согласност со прописите за управување со кризи и целосно да ги стават на располагање своите капацитети за навремена и ефикасна реакција на терен.

Оттаму нагласуваат дека одлуката е дел од проактивниот пристап и целосната мобилизација на институциите за заштита на животите и имотот на граѓаните, животната средина и националните ресурси.

Најново од: На прво место

Музичкиот караван по повод 35-годишнината од независноста на Македонија пристигна во Битола

Музичкиот караван по повод 35-годишнината од независноста на Македонија гостуваше во Битола. Пред многубројната публика прозвучија стихови и мисли од врвни македонски поети, писатели и есеисти, како и македонски евергрини, шлагери и песни од современата музичка сцена. Платото пред Офицерскиот дом беше претесно за сите битолчани и гости кои дојдоа да бидат дел од културниот […]

„Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

На 22 и 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија (ФХЕМ) во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејска Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, Македонец кој живее […]

Попов: На талогот од СДС му пречи што Македонија се гради и напредува – заврши времето на националните отстапки

Сергеј Попов На политичките структури на СДС им пречи што Македонија повторно се гради, напредува и достоинствено ја одбележува својата независност. „Зошто талог? Затоа што не се радуваат на независноста на државата. Не се радуваат што, по долги години, Македонија повторно вложува сериозен напор својата независност да ја одбележи достоинствено и гордо. Не им се […]

Мицевски: Талогот на СДС се води според чудна политичка матрица во која туѓиот успех мора да се намали – остануваме посветени на изградбата на Македонија и на резултати во интерес на граѓаните

Не е проблемот во тоа што Македонија се радува. Проблемот е во тоа што некои не можат да се помират со тоа. Постои една чудна политичка матрица според која туѓиот успех мора да се омаловажи, секоја позитивна промена да се релативизира, а секоја радост на народот да се претвори во политички проблем. Кога ќе се […]

Дата-центрите се инфраструктура на новото време – Македонија не смее да остане на дигиталната периферија

Светската економија влегува во период во кој податоците, компјутерската моќ и вештачката интелигенција стануваат инфраструктура речиси подеднакво важна како патиштата, електроенергетските мрежи и телекомуникациите. Во средиштето на оваа трансформација се дата-центрите. Тие веќе не се само големи објекти исполнети со компјутерски сервери. Современите дата-центри се основата врз која функционираат банкарските и платежните системи, електронската трговија, […]

Македонски историски календар – 12 август

Дванаесетти август зазема исклучително место во македонската историја. На овој ден се поврзуваат борбата за автономна Македонија од XIX век, херојската одбрана на Крушевската Република, ослободувањето на Невеска во Егејскиот дел на Македонија, како и повеќе значајни настани од поновата македонска национална, црковна и културна историја. 12 август 1880 – барањето за автономија на Македонија […]

Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски – талог каков што тешко ќе се повтори

СДС и неговото актуелно раководство продолжуваат да шират лаги и да создаваат хистерија во јавноста. Денеска тоа на прес-конференција го правеше Андреј Жерновски, човек кој на јавноста ѝ е познат по менувањето партии и по својата неуспешна политичка кариера. Всушност, токму такви се ликовите од актуелното раководство на СДС, кои претставуваат вистински политички талог во […]

Андоновски: Филипче и Рената Младеновска веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар

Венко Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да одговорат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар. Токму оние што со години имаа политичка и институционална моќ, денес најгласно се обидуваат да ја префрлат одговорноста врз друг. Наместо да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по повеќе од 400 извештаи што укажувале на […]

Најнови вести

To top