Блаже Конески: Везилка
Везилке, кажи како да се роди проста и строга македонска песна од ова срце што со себе води разговор ноќен во тревога бесна? – Два конца парај од срцето, драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави таги, другиот копнеж и светол и стрвен. Па со нив вези еднолична низа, песна од копнеж […]