Среда, 20 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Заев бил во комуникација со терористите и имал средби со нив во Приштина!

divo

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ РАЗУЗНАВАЧКА „БОМБА“ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Заев бил во комуникација со терористите и имал средби со нив во Приштина!

Викиликс, мрежата која веќе неколку години објавува разузнувачки извештаи, хакирани електронски пошти на светски лидери и политичар, пласираше разузнавачки извештај на Американската администрација дека структури на СДСМ биле во комуникација со терористите од Диво Насеље. Како што пренесува МИНА од извори во УБК, Зоран Заев практично ја признал соработката на СДСМ со терористичките групации од Косово кои влегоа во Диво Насеље, најавувајќи дека „Ќе има крв во Мај ако Груевски не отстапи“

Терористите нападнаа на 10ти Мај, но беа превенирани од полицијата да го спроведат нивниот првичен план за напад на поголеми јавни центри, плоштади, отворени пазари и полициски станици, како што планирале на 15ти Мај, што ќе резултираше со големи цивилни жртви.

Во преписка помеѓу Стејт Департментот и Амбасадата на САД во Скопје, Викиликс ја објави следната комуникација.

„Тимот БРАВО потврдува дека најмалку 20 членови влегле од Косово, во моментот се концентрирани во ридовите околу Куманово. Иако себеси се сметаат за исламски радикали, оваа група употребува криминални и терористички методи“, се вели во преписката.

Во Стејт Департментот додаваат: „Оваа група е блиска до Харадинај во Косово, веќе има остварено комуникација со политичари во Скопје. Се сретнале најмалку два пати во Приштина. Членовите на овие радикали во Косово и Макеоднија комуницираат со политичкото движење (СДСМ) кои сакаат да ја соборат Владата“ се вели во документот објавен од Викиликс.

divo2

Ден по инцидентот во Куманово, лидерот на СДСМ Зоран Заев наместо да ги посети повредените полицајци, отиде да ги посети лицата со блиски врски до УЧК кои им помагале на терористите со логистика и информации во реално време за движењето на полицијата во реонот.

Десната рака на Заев, Захир Бекири – Чауш кој е во затвор за производство на 35.000 лажни лични карти, имал сокриено 80 панцири во канцеларија на СДСМ наменети за терористите во Куманово, но никогаш не биле дистрибуирани до нив, имајќи во предвид дека полицијата имаше акција неколку дена пред терористичкиот напад.

Освен политичка поддршка, терористите имаа и медиумска поддршка за време на терористичкиот напад. Истата беше координирана, а Македонската јавност може да се потсети на „извештаите“ на ТВ Телма и порталите кои известуваа дека тоа не биле терористи туку „цивили во пижами кои се бранеле од полицијата“!

Извор:MINA

 

На прво место

News image

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА, А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУГ

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА , А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СТИВ ПЉАКАС ВО КАНАДА ...

Култура и туризам

News image

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (5)

СЕЛАТА ЕЗЕРЕНИ И ПЕРОВО – ЦЕНТРИ НА ПТИЦИТЕ ВО ПРЕСПА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (6)

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.