На прво место

РЕПОРТАЖА НА ТВ РОСИА: Македонија е мала земја која има повеќе историја од било која друга во Европа

РЕПОРТАЖА НА ТВ РОСИА: Македонија е мала земја која има повеќе историја од било која друга во Европа

Руски репортер и патеписец направи репортажа за Македонија која се емитува во Русија на ТВ Росиа 1.

Репортажата е во најпопуларната туристичка емисија „Непутевје заметки“, која се емитува на Руската национална телевизија Росија 1. Репортерот и патеписец Димитри Крилов, кој ја направил оваа репортажа, Македонија ја претставува како земја на Александар, Филип и Мајка Тереза.

Емисијата се емитува за време на неделните заеднички собири на фамилиите во Русија и ја гледа речиси секој Русин.

Крилов ја опишува Македонија како мала земја која најверојатно има повеќе историја од било која друга во Европа.

Тој потенцира дека Македонија некогаш била светска империја и велесила, кажува за Александар Македонски кој успеал да го обедини целиот свет во антиката.

Крилов уште раскажува за тоа дека Македонија била најважната алка на Римската империја, како и за тоа дека многу царства се направиле тука и пропаднале тука.

Патеписецот Крилов зборува уште за убавините на Охрид, за македонскиот цар Самоил кој го завладеал целиот Балкан. Македонија ја нарекува лулка на христијанството, односно го потенцира тоа дека Апостол Павле оттука започнал да го проповеда христијанството.

Крилов за крај вели дека мистериите и загонетките се бескрајни во Македонија, и препорачува дека секој Русин треба да ја посети.

Извор: 365.com.mk

Најново од: На прво место

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

To top