|
|
| Македонската Јованка Орлеанка - Катерина Арнаудова (2. дел) |
|
Во статија со наслов „Македонската Јованка Орлеанка“ за Катерина Арнаудова пишува и францускиот весник Le Petit Journal illustré (26. јули 1903) поставувајќи илустрација на Катерина со соборци на насловната страна. За разлика од статијата во The Saint Paul Globe каде што се тврди дека таа е од Дупница, во овој весник пишува дека е од Неврокоп.
„Во секоја куќа се славаше особено за убавата млада девојка Катерина Арнаудова, општо позната како македонската Јованка Орлеанка чии приказни за големи дела може да се слушнат од устите на сите.
Оваа статија за македонската Јованка Орлеанка е спомната и во книгата Joan of Arc: Soldier, Saint, Symbol—of What? од James A. Freeman (стр. 603, 604)
Реалистичен цртеж (правен според слика) на Арнаудова има во весникот Brooklyn NY Daily Eagle во статија од 17. септември 1905 година, кој што можете да го видите ексклузивно. Во истата статија за македонските жени борци и за Катерина Арнаудова пишува:
Интересно во оваа статија е тоа што се открива дека Арнаудова е вдовица. За стрелечките вештини на Арнаудова пишува престижниот The NY Times во статија со наслов „Македонската херојска борба за слобода“ од 6. декември 1903 година: „...Раководството и членството на одредите се речиси целосно во рацете на млади мажи. Сепак има и неколку познати жени меѓу нив. Најславна е Екатерина Арнаудова. Речено е дека таа е меѓу најдобрите стелци на Балканот и има многу раскази за нејзината моќ...“
Во Македонија денес Катерина Арнаудова за жал тоне во заборав. Се надеваме дека оваа статијата ќе придонесе за тоа да се промени затоа што сеќавањето на оваа храбра жена е најмалку што ние Македонците можеме да направиме за неа.
Фото: Екатерина Арнаудова, поштенска картичка, 1903 |































