Времеплов

Пребарајте ја архивата на Македонска Нација од 2009 година до денес.

март 2010 19 објавени текстови
Христос Воскресна

Почнуваат Велигденските празнувања

Православните христијани в недела го прославуваат Христовото Воскресение – Велигден, најголемиот христијански празник, празник на победатата над смртта, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвитe. Велики четврток во 9 часот ќе се одржи литургија на свети Василиј Велики. Архиепископот Охридски и Македонија г.г.Стефан ќе богослужи во храмот „Св.вмч. Димитриј“. […]

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, Албанија

Во Тирана наскоро месечник на македонски јазик

Наскоро Македонците во Тирана ќе добијат месечен весник на македонски јазик, под името „Илинден“. Месечникот ќе се печати на 28 страници, А-4 формат, во тираж од 1.000 примероци, а издавач на месечникот е Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Покрај месечникот „Преспа“ на македонски јазик кој години наназад излегува во областа Мала Преспа, ова ќе биде […]

Herodotus-World-Map

Името има корени (1)

Знаејќи ја реалноста во која сме соочени со бесмислената негација на нашето народоносно име, знаеме и дека безуспешно се обидуваат да му пронајдат и потвдрат т.н. грчки корен. Од аспект на нашиот народен говор, да ги согледаме и анализираме нивните т.н.хеленско или ти  грчко име. Служејќи се со индиректниот  метод   на споредбена анализа што се […]

Ристо Шишков

Ристо Шишков

ВЕЛИКАН НА МАКЕДОНСКОТО ГЛЕДАЛИШТЕ Мајсторство што во протег на релативно краток век од одвај дваесеттина години Македонија го доби како награда (од 1962-64 до 1984-86, кога тој ќе ги одигра последните ролји). Ристо Шишков е актер кој во историјата на македонскиот театар зазема прецизно и исклучително место. Прославениот македонски актер, Ристо Шишков, живееше и создаваше […]

Клаудија Лутовска

Нефер игри и интриги пред септемвриските локални избори во Албанија

Клаудија Лутовска Македонскиот единствен Градоначалник Еднонд Темелко на удар од Албанските зли јазици Албански зли јазици преку албански медиуми направија лажна афера со ниски цели, која стави дамка на Македонскиот единствен Градоначалник, Едмонд Темелко во Албанија, инаку Градоначалник на Општина Пустец. Според законот за Локална самоуправа на општините во Македонија, секој Општински Совет има можност […]

Грчки поп со турци

Македонија од 1912 до 1941 година (четврти дел)

Грчки криминални настани запишани во нивните „патриотски“ романи Седи Григор во Желево, ги листа, во веќе доцната ноќ, своите папки и списи, па, иако здивот на студениот воздух се вовира низ процепите на прозорците, тој станува и ги отвора ширум, зашто чувствува дека оваа земја, земјата околу него, Корештанската Клисура, и надолу, сите тие долини, […]

Второ собрание на Македонскиот Задграничен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Второ собрание на Македонскиот Задграничен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ (4-5 Јануари 1992)

Овој состанок кој се одржа на 4 и 5 мај 1992 година во Хамбург- Германија беше повод за аферата „СИНА ПТИЦА“ . Да ве потсетам, тоа беа моменти кога во Македонија постоеше опасност од инциденти со ЈНА која сеуште беше присутна во Македонија.

Христо Узунов

Христо Узунов

– Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас – без ни најмалку да те навредувам – се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. Христо Узунов е роден на 22 февруари 1878 година во Охрид. Татко му бил учител […]

Македонска алијанса за Европска интеграција

Македонците во Албанија постигнаа договор за единство

Македонските здруженија на Македонците во Албанија постигнаа договор, да се обединат во единствената Македонска партија во Албанија – Македонска Алијанса за Европска Интеграција. Наскоро во Албанија предстојат локални избори каде Македонска Алијанса за Европска Интеграција повторно ќе претставува политички фактор. Македонска Алијанса за Европска Интеграција. апелира на претстојниот попис на населението во Албанија кој ќе […]

neosporen_fakt

Македонија од 1912 до 1941 година (трет дел)

За јакнење на патриотските чувства, на Македонците им било наредено да ги бојадисуваат куќите во грчките национални бои, ѕидовите во бело, а прозорците и вратите во сино, а на секој празник да го истакнуваат грчкото знаме. “Порано, кога во денешна Македонија под грчка власт царуваа бандитите, андартите и комитите, за да го спасат својот живот, […]

To top