Фељтон

Името има корени (1)

Herodotus-World-Map

Herodotus-World-Map
Знаејќи ја реалноста во која сме соочени со бесмислената негација на нашето народоносно име, знаеме и дека безуспешно се обидуваат да му пронајдат и потвдрат т.н. грчки корен.

Од аспект на нашиот народен говор, да ги согледаме и анализираме нивните т.н.хеленско или ти  грчко име.

Служејќи се со индиректниот  метод   на споредбена анализа што се заснива на споредба преку реконструкција – кога се поаѓа од современата состојба на постоењето зборови и нивни можни значења, при што започнувајќи од домашната средина преминуваме кон споредба и со другите говорни средини, кои се туѓи на нашите.

На таквата реконструкција и ја даваме релацијата на регресија или ти случајот кога од современата состојба се враќаме на назад.

Етимолошката анализа споредува сличности и разлики на кои што наидуваме поради изнаоѓање и на самото потекло на зборот.

Значи во фокусот на ова анализирање го имаме поимот Хелени и Грција.

Зошто македонски и дали е тоа возможно, сега во време кога тие бараат ние да се одречеме од името наше македонско?

Да ја  погледнеме сокриената историја на  зборовите или да прочитаме историски урок таму каде што не се имало место за никакви  национал- романтичарски фалсификати, карактеристични за крајот на 19 век.

Хелени и Грциja изедначување на термините

Околу потеклото и можното значење на зборовите Хелени, Елада и Грци, Грција постојат најразлични теории. Теоријата на Валентин Стецјуг за околу оваа проблематика пишува :

-“..Потеклото на името “Грција’’, Грци’’е енигматично.

Генерално, националното име со кои меѓусебе се идентификуваат Грците е “Хелени’’, кое што нема никаква звучна поврзаност со зборот “Грци’’.

Грчките племиња користеле бројни племенски називи. Дорци, Ахајци, Јонци, Тирејци.. и останати. Основното турско наименување за Грција е Јананистан, (Yananistan),а за Грците е Јананли (Yananli ). Всушност Јанан (Yanan) е дијалектички изговор за Јонија (Ionia). Веројатно е јасен фактот, дека потеклото на името Јанан се датира во времињата кога преовладувале грчките племиња , уште и пред ширењето на Александар Велики.

Според грчките извори токму Аристотел (384-322) во неговата “Метеорологика’’ I, xiv, или 352b бил првиот што го искористил зборот “Граикхос’ (“Graikhos’’), како синоним за Хелените. Аристотел запишал дека оригинално Илирите, биле тие што го користеле името Граикхос (Graikhos) за да со него ги означат Дорците во Епир.
А тоа потекнувало од Граии (Graii) што било природно име за луѓето од Епир, кои што се наоѓале во северно-западниот дел од Грција, на Јонското Море и западно од Тесалија.

Современите научници, се разбира, со недоверба ја дочекале ваквата изјава, бидејќи широката распространетост на ваквото народно име за меѓусебна идентификација, помеѓу комплетно неповрзани јазици, тешко дека потекнува од само еден центар. Од друга страна, ваквиот класичен доказ, можеби потврдува дека ова национално име, што се употребува за меѓусебна идентификација доаѓа од страна на балканското население, кое што своевремено ги имало и границите на Скитија во Македонија. Би било природно за Скитите да ги користат и двата термини како на пр.називите Јанан (Yanan) и Креш ( Kresh) само за нивните Јонски соседи, а називот Хелени за сите останати заедно.

Современата теорија на германскиот историчар Џорџ Бусолт (Georg Busolt ) 1850-1920 ,зборот Грци го изведува од зборот “Граикхос ’’( Graikhos )”со значењето жител на “Граиа’’ (Graia ),град на брегот на Беотија од зборот“граов-сив ’’(“gray”),кој се наоѓал во централниот дел на античка Грција ,во околината на градот Теба,што било име дадено од Римјаните и се однесувало за сите Грци, а најпрво за грчките колонисти од “Граија’’(Graia) кои што помогнале во основањето на градот Кума (Cumae) (9 век пред Христа), важен град на југот на Италија, каде што Латините за прв пат се сретнале со Грците. Во согласност со оваа теорија, во генерална смисла, името би било за прв пат повторно позајмено од Грците. Имајќи во предвид дека Грците веќе го имале колонизирано Апенинскиот Полуостров и тоа неколку векови пред 9 век од пред Христа,како и фактот дека Грците многу отпорано го шират своето присуство во Медитеранот, како и забележаното од Аристотел во 4 век пред Христа, оваа теорија и дава преголема важност и тежина на 9 век пред Христа и за пред Римјанските Латини во раширувањето на овој термин и за Грците кои што би го усвоиле овој термин како свое народно име од своите, во свое време не толку значајни соседи, дури и да се преправаат дека таквото нешто би било одраз на вистинска етимологија за нивното име…’’

Најнапред да ги согледаме тврдењата на грчките извори кои известуваат за Аристотел и неговата “Метеорологика’’ I, xiv, каде го употребил зборот “Граикхос’ (“Graikhos’’), како синоним за Хелените., посочувајќи ги Илирите како први кои го употребувале овој збор, за да со него ги означат Дорците во Епир.

А тоа потекнувало од Граии (Graii) што било природно име за луѓето од Епир, кои што се наоѓале во северно-западниот дел од Грција, на Јонското Море и западно од Тесалија.

Овие тврдења да ги споредиме со етничката припадност на жителите на Епир низ историјата.

Најнапред да видиме кои биле Дорците и дали тие или било кои други грчки племиња живееле во Епир?

Најново од: Фељтон

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

To top