Коментари

Нефер игри и интриги пред септемвриските локални избори во Албанија

Клаудија Лутовска

Клаудија Лутовска
Клаудија Лутовска

Македонскиот единствен Градоначалник Еднонд Темелко на удар од Албанските зли јазици

Албански зли јазици преку албански медиуми направија лажна афера со ниски цели, која стави дамка на Македонскиот единствен Градоначалник, Едмонд Темелко во Албанија, инаку Градоначалник на Општина Пустец.

Според законот за Локална самоуправа на општините во Македонија, секој Општински Совет има можност да даде еднократна парична помош на граѓанин кој е загрозен. Исто и според законот за Локална самоуправа на Албанија секој совет на општина има надлежност да додели парична социјална помош, се според регулативите, најрегуларно. Врз работењето на Општината Пустец до сега непостои никаква нерегуларност, нити градоналникот Едмонд Темелко кој настојува се да се одвива транспарентно не се направил никаков пропуст во работата на Општината, нити пак во работењето на Градоначалникот и Советот.

Македонска Алијанса за Европска Интеграција, предводена од Едмонд Темелко, ги обедини Македонците во Албанија и се залага за правата на Македонското малцинство, а воедно и за Евроинтеграциските процеси за развој на Албанија каде што живеат и Македонци. На Партиите во Албанија им претстојат Локални избори, а Македонска Алијанса за Европска Интеграција во своето членство ги има Македонците од регионот Преспа но и од Голо Брдо, за кои се отвозможи настава на Македонски Јазик, што всушност е и причината за ваквата клевета.

Оспорувањето на наставата на Македонски Јазик е само безуспешен обид на некои албански политики, кои беа спречени од Едмонд Темелко, чии заложби заедно со оваа македонска партија не дозволија да престане наставата на Македоснки јазик на Голо Брдо. Од друга страна пак голема е веројатноста за победа на македонски лидери и во овој регион, кај Македонското население на Голо Брдо во Албанија. Токму од овие причини се потврува поговорката за политиката и нејзината развратност, која фрли оцрнување пред националната но, и светската јавност на Едмонд Темелко.

Политиката на Енвер Оџа го остави Македонското малцинство во Албанија во голема беда, сиромаштија и без основни услови за живот. Инфраструктурата од типот, патишта, канализација и водовод е сеуште на ниво- не постои, како да се отсечени овие луѓе од времето во кое живеат, додека останатите делови во Албанија ги уживаат благодетите и технологиите на 21 век.

Политиката на Сали Бериша со големи напори од Македонската Алијанса за Еврпска Интеграција и лидерот Едмонд Темелко направија Македонците да излезат од анонимноста и полека да почнат да го живеат времето во кое егзистираат. Тешки се условите во кои живее Македонското население, мажите заминуваат на печалба, нивните деца се школуваат на факултетите во отежнати услови, а жените остануваат во домот и се занимаваат со земјоделие.

Ниските политички удари за македонците нема да стивнат, причината е се присутна- Моќ и Власт, но, силата која во себе ја носи Едмонд Темелко за Македонската Кауза, како и патриотскиот дух, чувството за праведност и човечки права ги водат Македонците во Албанија. Оваа партија иницира пребројување на точниот број на Македонци на најавуваниот попис во 2011 година во Албанија, очекуваат точна бројка која многукратно ја надминува познатата бројка од 5000 Македонци во Албанија, а воедно ги очекува и успех на локалните избори кои се очекуваат во Септември.

Клеопатра

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top