Фељтон

Македонија од 1912 до 1941 година (четврти дел)

Грчки поп со турци

Грчки криминални настани запишани во нивните „патриотски“ романи

Седи Григор во Желево, ги листа, во веќе доцната ноќ, своите папки и списи, па, иако здивот на студениот воздух се вовира низ процепите на прозорците, тој станува и ги отвора ширум, зашто чувствува дека оваа земја, земјата околу него, Корештанската Клисура, и надолу, сите тие долини, сите тие реки, почнувајќи од Кономладската, дека таа земја, на која попусто се обидува да заспие, дека таа сè уште гори, а тој плам, се пренесува и врз него, и во него, дека тој, просто, живее, дека дише со него. Тоа е она чувство на непокор, на слобода, на извишеност, на громовитост, што заправо извира од сета историја на овие места, и кое, дури и него, сега, во оваа самотна ноќ, го возвишува, чувство што тој не може да не го идентификува како некое врвно стамено достоинство, кое, единствено, на животот му дава смисла. Се сеќаваше, со топлина што ја загреваше неговата душа, на зборовите на Ѓорче Петров, што ги имаше забележано некаде во папките, но кои сепак ги знаеше напамет – тие се однесуваа на Костурчаните, кои, по поразот на Илинденското востание, дојдоа во Прилепско, останувајќи изненадени од мирот и спокојот онаму, каде што, по примерот на своите места, очекуваа да го видат и народот востанат, и селата запалени: „Грозен впечаток ми оставија што сите тие беа парталави, голи и боси како Цигани, и насекаде гонети од војската, беа изгладнети како волци. Но наспроти прилепските четници предизвикуваа восхит во нас. Споредбата беше дека беа херои спрема нашите баби“.

Грчки поп со турци

Грчки поп со турци

Седи Григор во Желево, чувствувајќи се, заправо, како современик и соучесник на сите тие настани што можеби одамна се заборавени и размислува за тие херои и маченици, кои своите коски ги посеале по сиве овие планини низ Костурско и Битолско, за да ја остварат кулминацијата на својата саможртва со епопејата на Ножот; и ги споредува нивните животи со тој на Каравангелис, којшто, со сите врвни удопства, животот го заврши во Виена, како архиепископ на Централна Европа и Австрија: дали во својата виенска палата ја пренесе и фотографијата со отсечената глава на Лазар Поп Трајков? Но не може да се врши таква споредба: таа е бесмислена, како споредбата меѓу светлоста и темнината, меѓу небото и пеколот. Зашто и еден ден од животот на тие херои повеќе вреди од илјадници животи на илјадници каравангелоси; и еден миг од нивните животи повеќе значи одошто вечноста на сите тие каравангелоси. Па, дури и самото сознание дека е можно да постојат каравангелоси, кај човека предизвикува чувство на морален пад, на безнадежност, на сомнеж во вредноста на човекот и на светот.

Грчки соработници со турци

Грчки соработници со турци

Еве, повторно го препрочитува, случајно избраното, всушност најневиното писмо на Каравангелис до Георгиос Цонтос-Вардас, андартски водач и познат убиец, којшто со своите „страшни борци“-Критјани го изврши оној ужасен колеж на невооружените селани во Загоричани, од којшто се згрози дури и европската јавност.

„…Издадени се наредби да се организираат чети од месни жители, зашто туѓинците доаѓаат и си заминуваат, додека пак месните ќе бидат тука постојано (бугарофони Грци), затоа ќе бидеме принудени да им ласкаме на нивните недостатоци… Овен тоа, тие ќе послужат како јадра и ќе приберат други… Многу те молам да не заборавиш, затоа што и ако штедро се наградат материјално, ќе имаме многу поголема корист, затоа што тие со своите познанства и роднински врски можат да ги покорат селата за нас…“.
Да. Ќе им ласкаме на нивните недостатоци, на тие варварски славофони. И не жали пари, зашто тие ќе ги покорат сопствените села за нас!

Седи Григор во глувата тишина на ноќта во Желево, која одамна не ја раздиплуваат металните звуци од џубоксот, па дури ни лаењата на селските пци, и размислува, со неспокој, за тоа несреќно, презрено, потценувано словенско племе, лековерно сосредоточено само на омразата против османлискиот јарем, уверено дека православниот господ е ист за сите, несвесно дека неговата верба смислено и подмолно се злоупотребува, неспособно да ја согледа измамата, да ги осознае сопствените интереси и да се обедини во нивната одбрана. Неспособно да извлече поука од своите многувековни порази.

Како гасеници што се влечат по земјата, на инсистирање на Каравангелис почнаа да навлегуваат во поробената Македонија андартските чети, за да ги потсетат, со нож и оган, славофоните дека тие, се всушност, Грци, но си го заборавиле својот јазик. „На 20 мај 1905 година, на планината Вичо фатив, заедно со Филота, осумнаесет комити од с. Блаце и Вишени. Со Филота не можевме да се разбереме што да направиме со нив. Тој бараше да не ги убиеме, а јас инсистирав да ги убиеме. Решивме да ги поделиме. Јас зедов девет, и веднаш ги заклав… додека јас ги колев, Филота се скри за да не гледа“, со патриотска гордост го соопштува својот подвиг „критскиот јунак“ Макрис.

И пак Макрис, истиот: „Добивме белешка од Центарот да убиеме во селото Кладороби пет селани бидејќи ги поддржуваа комитите. Фативме седумнаесет, но само двајца беа од бараните… Сите седумнаесет ги ликвидиравме на лице место“.

Или во Загоричани:

„Првата куќа беше запалена од Макрис. Потоа една по една, по ред. Ноќта стана посветла од денот, никој никого не слушаше. Над бомбите, куршумите и ржењето се издигна само гласот на Цонтас (Вардас), толку силен што го слушна половината Загоричани: – Над шеснаесет години никој да не остане жив!“.

Заправо, ова село, Желево, во чија ноќ, под светлината на слабото електрично светло, Григор ги препрочитува исказите на „критските херои“ за масакрите и колежите со кои се гордееле и десетици години потоа, тоа село, тогаш, во глувата пустош по поразите на Востанието, кога речиси не останал ниеден од костурските раководители, а нивните чети биле разбиени – тоа село, Желево, тогаш било „најважната база“ на андартите. И, ете, кон ова село, во една септемвриска ноќ, тргнал и Павлос Мелас, но се запрал во селото Статица. Митре Влаот, единствен од костурските раководители кој по Востанието останал со својата чета во Костурско, дознал за тоа. Прогонуван од Турците и од Грците, но сепак водејќи борби и со едните и со другите, Митре Влаот, им дал на некои жени едно писмо, со задача да му го предадат на турскиот командант. Во писмото стоело дека тој, толку бараниот разбојник Митре Влаот, во тој момент, се наоѓа во Статица, во таа и таа куќа. Жените го предале писмото, а турската војска веднаш пристигнала, ја опколила куќата во која се наоѓал Павлос Мелас, но тоа не го исплашило Гркот: та тој знаел дека Турците му се сојузници и дека не треба да се плашиш од нив!

Најново од: Фељтон

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР – ДУХОВНОТО СРЦЕ НА МИЈАЧКИОТ КРАЈ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува за Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“, едно од најзначајните духовни и културни светилишта во Македонија. Сместен над долината на Радика, меѓу планинските ограноци на Бистра, Дешат и Кораб, манастирот со векови бил средиште на верскиот, просветниот и културниот живот во Реканскиот крај. За Мијаците Бигорскиот манастир не бил […]

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

To top