Историја

Борбата кај Карбуница е една е од најголемите и најжестоки борби во целото Илинденско востание

cetata-na-mickov

cetata-na-mickov

Една е од најголемите и најжестоки борби во целото Илинденско востание била борбата на 4 август 1903 година во селото Карбуница, Долна Копачка.

Селото го бранел востанички одред од околу 200 востаници, предводени од војводата Арсо Мицков  Околу 8 часот наутро еден баталјон редовна војска од 800 души и башибозукот од околните албански села го нападнале селото Карбуница.

По четвртиот обид, османлиската војска успеале, околу 12 часот да го заземат селото. Востаниците се повлекле на порано подготвените позиции кај месноста Ѓурѓевица, каде што продолжиле борбите. Во меѓувреме, на позициите кај Ѓурѓевица, пристигнале уште 350 востаници од Горна и од Долна Копачка, кои се вклучиле во борбата. Откако ја проценил состојбата, војводата Мицков преку курир испратил повик за помош до демирхисарските раководители.

Демирхисарската реонска чета, засилена со селани, предводена од војводите Јордан Пиперката и од Димитар Дечев, со околу 150 востаници, веднаш пристигнала и тоа во моментот кога на противникот му стигнала помош од кичевскиот гарнизон и одморни толпи албански башибозук на чело со прочуениот злосторник Сефер од Зајас.

По доаѓањето османската војска веднаш започнала со нападите. Набргу по кусите престрелки, борбата продолжила гради в гради. Пушките беа врлени настрана, а само ножови блескале додека се бореле гради во гради турската војска и башибозукот против македонските востаници. Од сите страни се слушале пискотници и извици. Македонските востаници иако неискусни во блиска борба покажале невидена храброст. Во моментот кога изгледало дека противникот ја презел иницијативата, еден демирхисарски востаник со истрел од пушка го погодил Сефер и го убил.

Убиството на Сефер бил пресуден за  исходот на бојот. Востаниците ја искористиле збунетоста кај непријателот и уште посилно навалиле. Противникот се дал во бегство. Во таа дванаестчасовна борба македонските востаници учествувале со 700 души, при што имале 30 мртви и ранети, а турската војска и албанскиот башибозук ангажирале 1.500 души од кои загинале и ранети имало 120 души. По борбата војската се повлекла во Кичево, а башибозукот се скрил по шумите.

За таа што се случило во Карбуница народот испеал и песна: Не оди Сефер село Карбуница

Нели ти реков, седи не оди,
седи не оди, село Карбуница?
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Не оди Сефер село Карбуница,
село Карбуница горе Ѓурѓевица.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Таму ми те чекат славните комити,
славните комити, сè одбор јунаци.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Тебе ќе фатат, глава ќе ти сечат,
глава ќе ти сечат, глава арамиска.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Ќе ти пресечат глава до рамена,
глава до рамена, нозе до колена.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top