Историја

Битката кај „Слива“

Bitka kaj Sliva

Bitka kaj SlivaБитката кај „Слива“ е уште еден пример од борбите за време на Илинденското востание која восхитува со пожртвуваноста на македонските востаници. Оваа битка е дел од Илинденската епопеја за одбрана на Крушевската Република. Тоа е битка во која востаниците до последен човек ги бранат позициите за да му овозможат на населението да се извлече од градот. Тоа е пример за жртвите кои ги поднел македонскиот народ во борбата за создавање на самостојна и национална држава.

На 12 август 1903 година, 3.000-на османлиска војска настапувала од правец на Кичево – Пуста Река за напад на Крушево. Напредувањето на турската војска по секоја цена морало да биде запрено, се` додека населението и другите востанички одреди од Крушево не се повлекеле безбедно во гората. Востаничкиот штаб сметал дека најпогодно место каде можело да се даде отпор подолго време е проодот „Слива“.

Најтешката задача ја имал одредот на војводите Ѓорги Стојанов и Диме Смугрев. Тие ја добиле задачата да ги бранат позициите на проодот „Слива“, каде што се штитело повлекувањето на населението кон гората. Тие позиции се сметале за најважни за одбраната на Крушево. Тој одред имал задача да ја задржи турската војска се` додека населението и останатите одреди не се повлечат од градот кон гората.

Позициите кај „Слива“ биле уредени со длабоко ископани ровови, но голем дел од востаниците биле голобради момчиња, кои никогаш претходно не ја искусиле борбата ниту пак држеле оружје во рака. Тие со неполни 16 – 17 години се приклучиле на доброволниот востанички одред со кој командувал Тодор Христов, а подоцна влегле во состав на одредот на Ѓорѓи Стојанов. За да не го остави својот свршеник сам, на одредот им се приклучила и девојката Злата, облечена во брсјачка народна носија.

Стојанов и Смугрев биле свесни за положбата во која се наоѓаат и дека практично се жртвувани. Сепак, тие ја прифатиле наредбата и додека триилјадната војска ги напаѓала позициите на „Слива“ во повеќе бранови, тие ги куражеле борците иако при секој напад се проредувале. Со песна и оган, со пцовка и клетва јунаците со часови ги задржувале Турците. За тоа време населението веќе се повлекло.

Иван Алабакот бил последен со одредот и тој го повикал Стојанов да го повлече својот одред. Една десетина од одредот се повлекла, меѓутоа, османската војска веќе била на самите позиции. Ѓорѓи Стојанов со 40 востаници, меѓу кои и девојка во брсјачка народна носија, биле решени да ги бранат позициите до последниот куршум.

По пробивот на војската во рововите, преостанатите девет востаници, меѓу кои била и девојката Злата, се самоубиле. Турските офицери биле изненадени од херојската смрт на востаниците. Откако турската војска ги зазела позициите, командантот во знак на почит кон загинатите востаници наредил почесна стрелба.

Значењето на битката кај „Слива“ е огромно. Благодарение на жртвите на востаниците дадени кај месноста „Слива“, со што се забавило напредувањето на турската војска, од Крушево се повлекло населението и главнината на востаничките сили. Битката кај „Слива“, според извршената задача и саможртвата на востаниците може да се спореди со битката кај „Мечкин Камен“.

Во битката кај „Слива“ било заробено и едно од црешовите топчиња што денес се наоѓа во музејот во Истанбул.

Најново од: Историја

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

Зошто Бугарија инсистира заедно да чествуваме настани и личности?

Одговорот е многу прост: Софија насилно го наметнува заедничкото чествување бидејќи тоа е крунски доказ дека историјата ни е заедничка, што значи — бугарска. Ако го прогласиме и Гоце Делчев за заеднички херој, друго објаснување нема да има. Постапката за тоа е веќе тема на заедничката комисија за историја, а нашите „политичари“ се речиси подготвени […]

Христо Калајџиев во Софија во 1945 година — за македонската државност, против великобугарскиот шовинизам

На фотографијата е корицата на оригиналното софиско издание од 1945 година. На 4 февруари 1945 година, во киното „Македонија“ во Софија, Христо Калајџиев се обратил пред Конгресот на македонската емиграција. Втората светска војна сè уште траела, а македонската држава веќе била конституирана како рамноправна единица во Демократска Федеративна Југославија. Пред делегатите во Софија, Калајџиев го […]

„Балканско сдружение“ во 1932 година: Идеалот на македонскиот народ е слободна и независна Македонија

Во август 1932 година, во Детроит, излегол 15. број на „Балканско сдружение“ („Balkan Unification“), месечното гласило на Македонскиот народен сојуз во Америка. Во приложениот исечок од тој број, полемиката за насилствата во Петричкиот крај завршува со повик за слободна и независна Македонија во рамките на балканска федерација. Во написот, авторот ги обвинува четите на Ванчо […]

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

To top