Историја

Кој е Велимир Прелиќ, а која Мара Бунева? Дилема или одговор!

mira-buneva

mira-bunevaПомина уште една “контроверзна” панахида за “контроверзната” Мара Бунева. За среќа овој пат немаше инциденти, а немаше и некоја голема посетеност. Се` помина некако тивко и незабележливо. Провокациите од страна на одредени кругови, тука и во соседна Бугарија веќе не се толку интересни за македонската јавност.

Поентата на мојов текст, не е каков е публицитетот на луѓето кои тука се изјаснуваат како Бугари, туку сакам само да поставам едно прашање во врска со случувањата од пред 82 години. Не сакам да навлегувам во полемики за тоа каква била Мара Бунева и поради кои причини го убила Велимир Прелиќ. Тоа го оставам на историчарите.

Мене како Македонец ме интересира кој е Велимир Прелиќ? Што правел Велимир Прелиќ во Македонија? Прашањата во себе го кријат и одговорот на прашањето зошто Мара Бунева е навредувана и оцрнета како една од личностите во македонската историја кои ја имаат етикетата „контроверзни“.

Дали сета омраза кон таа млада Македонка не е само создадена од инерцијата на омразата со која толку години беше труена македонската јавност. Мене лично не ме интересираат тие политички калкулации и манипулации со името на Мара Бунева.

Мара Бунева е родена 1902 година во Тетово од мајка Ана и татко Никола. Основно училиште завршила во Тетово, а средно образование во Скопје. Таткото на Мара Бунева, Никола С. Бунев бил пријател на видниот публицист родум од Тетово, Матеја Геров и на познатиот д-р Никола Герасимов. Во семејството на Мара Бунева имало шест деца: Борис, Лазар, Мара, Надежда, Вера и Елена.

По аферата со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје од страна на српските власти, во 1927 година, Мара Бунева во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ, на кејот на реката Вардар, кај камениот мост во Скопје. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала за да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.

На атентатот што го извршила Мара Бунева врз Прелиќ му претходел голем судски процес на 20 македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност. Судените биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација, основана во 1923 година во Виена. Таа имала своја мрежа во Берлин, Грац, Лајпциг, Прага и Париз каде што студирале Македонски студенти. Истовремено, свои јадра создала и во Македонија, во Скопје, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Берово, Струмица, Тетово, Радовиш и Неготино. Организатор на ММТРО бил Иван Бојаџиев од Велес, кој студирал во Виена.

Се обраќам кон сите кои имаат барем малку отворени очи. Треба да му изградиме споменик на Велимир Прелиќ на Камени мост?      Кога зборуваме за Гоце, Даме Јане, треба да го спомнуваме и Велимир Војвода? Треба да го правиме сето тоа за да може омразата кон Мара Бунева да има некаков основ? Треба да се направи нешто или поточно да се измисли и Прелиќ да ја заземе позицијата според која ние треба да ја негираме македонската хероина Мара Бунева? Колку од Вас драги мои беа таму во виорот на настаните па знаат кој каков бил? Читате историја и знаете дека историјата ја пишуваат победниците, а пак секој си ја толкува различно. Дали омразата кон Бунева е заради фактот дека “црниот ѓавол” на Македонското револуционерно движење Иван Михајлов ја дал наредбата за убиството на Прелиќ?

Керин

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top