На прво место

Народот ги сака Македонците, не предавниците

macedonia-forever

Еден политичар, без разлика кој и да е, кој се обидува преку уцена на сопствениот народ да го натера да му верува, очигледно нема широки умствени погледи.

macedonia-foreverВо историјата ретко може да се најде пример каков што е тоа денес опозициската партија СДСМ. Таа пројави такви особини какви што се среќаваа во минатото, кога дел од македонската интелигенција повеќе работеше за интересите на Софија, Белград и Атина, отколку за сопствениот народ.

Од осамостојувањето на Македонија во 1991 година, СДСМ не успеа да се издигне како сериозна Македонска партија и не успеа од своите редови да даде водачи со широки погледи, со своја мисла, да застанат на чело на македoнската фаланга и да ја водат по патот на сигурниот успех. Поединци кои собрале сили да се издигнат како водачи беа маргинализирани или отерани, така што во моментите кога требаше да се даде полн допринос во развојот на македонската држава, македонскиот народ беше без вистински водачи.

По еден чуден сплет на околности, набргу по осамостојувањето на чело на социјалдемократите на кои им беше доверена власта во земјата, застанаа лица кои не располагаа со потребниот морален и умствен капацитет за круцијални дела. Немањето на вистински лидер на партијата, кој е способен не само да ја води партијата туку и државата, ќе доведе до влез на Македонија во ОН под срамната референца ПЈРМ, до промена на знамето, срамна транзиција на капиталот, а над 200.000 лица ќе останат без работа.

Од денешна дистанца, во деведесетите години ниту ВМРО-ДПМНЕ која беше во бебешки пелени не успеа да изроди лидер кој може да застане на патот на социјалдемократите кои со својата заслепеност и умствената сиромаштија си вообразуваа дека тие се избрани од Бога да владеат со македонската држава без притоа да го прашаат македонскиот народ за неговите потреби.

Така и покрај противењето на македонскиот народ, во време на СДСМ се носат одлуки за влез на Македонија во ОН под срамната референца ПЈРМ, до промена на знамето, срамна транзиција на капиталот, катастрофална по македонските интереси  територијална поделба чии последици и те како се чувствуваат и денес.

И додека ВМРО-ДПМНЕ успеа да се трансформира во модерна политичка партија и да изроди вистински лидери кои не се само носители на прогресот, туку и вистински чувари на нациналните интереси на државата, СДСМ и покрај промените кои ги направи не изроди нови модерни лидери способни да се соочат со предизвиците на новото време. Напротив таа извади лидери кои се убедени дека тие треба по секоја цена да дојдат на власт, без разлика дали ги поддржува македонскиот народ или не. Сметајќи дека поседуваат умствени способности и плеќи доволни да ја водат државата, тие во својата дрскост не водат сметка дали со своите постапки ја нарушуваат безбедноста на земјата и националните интереси на државата.

Разликата на последните парламентарни и претседателски избори од над 120.000 гласови покажа дека народот верува дека двоецот Иванов – Груевски ќе ги заштити нивните интереси, особено во прашањата како што е прашањето за името, сувереноста и интегритетот на државата. Односно, дека народот верува во програмата на ВМРО-ДПМНЕ која носи просперитет на земјата и нови вработувања.

Еден политичар, без разлика кој и да е, кој се обидува преку уцена на сопствениот народ да го натера да му верува само нему, дека тој е спасот за државата, очигледно нема широки умствени погледи и се плаши дека со последниот двоен изборен пораз, деветти по ред од 2006 година, го изгубил местото до кое се добрал.    

Таа е природна состојба на лидер кој го опфатил ужас, бидејќи неговата глава нема да биде овенчана со слава кога македонскиот народ ќе ги надмине сите предизвици кои стојат пред него. Изгледа дека безидејните водачи на СДСМ ги обзема чудна мисла кој ќе ја добие наградата, доколку Македонија го задржи уставното име, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонската култура и како таква влезе во НАТО и ЕУ.

Додека тимот на ВМРО-ДПМНЕ макотрпно работеше и ја подготвуваше земјата на сите полиња да се посее семето на успехот, раководството на социјалдемократите не излегуваше меѓу народот од својата кожурка. Сега сакаат да ги жнеат плодовите без мака.

Но, по резултатите од последните избори, омразата и егоизмот толку ги заслепиле челниците на СДСМ што за своите неуспеси го навредуваат сопствениот народ, потценувајќи ја неговата интелигенција, не навлегувајќи во сопствените грешки. Тие како да не сакаат да погледнат наназад за да видат колку и какви грешки имаат напревено, додека македонскиот народ мизеруваше. Тие како да не сакаат да знаат за сите оние жртви кои ги има поднесено македонскиот народ при градењето на македонска држава. Само оној што не знае или не сака да знае може да смета дека македонскиот народ така лесно ќе се откаже од името, идентитетот и македонскиот јазик.

Раководството на СДСМ како што самото вели е подготвено да витка кичма, доколку дојде на власт. Дури и ако народот веќе не ги сака, како што вели Заев, тие се подготвени со сила, бојкот и улични демонстрации да се доберат до власт. За да го постигнат тоа тие сметаат на надворешна поддршка.

Но, голем дел од членството на СДСМ не се согласува со методите со кои се служи нивното раководство за да се дојде до власта. Тие сметаат дека во решавачките акции против надворешниот притисок за името и идентитетот, како и против внатрешните радикални структури, наместо создавање нестабилност во земјата, потребно е здружување на сите сили не само на македонскиот народ, туку и на сите етнички заедници.

Свесни за прогресот кој е направен во земјата по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, свесни дека никој не е дискриминиран затоа што е член на СДСМ, туку дека за секого имало место да го даде својот придонес во изградбата на државата за таа да стане пристојно место за живеење. Едноставно тие не сакаат да бидат обезличени, туку сакаат да останат горди Македонци.   

Сакањето на татковината не е екслузивно право и тоа не се покажува само со збор, туку со дела.  

Македонска нација

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top