Историја

Одговор на Еден Македонец на статиите на Миларов: Нашиот заклучок беше да се постават македонците врз чисто македонска почва, т.е. да ги убијат сите пропаганди во својата татковина

sloboda-ili-smrt-180

(1889 година)

sloboda-ili-smrt-180„г. Миларов умее добро да го држи перото и тој е добро запознат особено со нашето Бугарско (прашање), она на нашите соседи и на целиот европски свет во многу погледи – политички и други. Но при сите тие добри квалитети ние ќе одбележиме, прво, дека тој го остава настрана самото прашање поставено од нас и го решава прашањето: како Македонија може да биде ослободена. Читателите помнат, па и г. Миларов, има прочитано дека ние разгледувавме: врз каква почва да се постават Маке-донците за дејствување – како Бугари ли, како Срби или Грци. Нашиот заклучок беше да се постават Македонците врз чисто македонска почва, т.е. за да ги убијат сите пропаганди во сво-јата татковина, следствено и г. М. требаше да го разгледува прашањето што го поставивме. Ние немаме ништо да зборуваме за поставеното пак сега од г. М. прашање што изгледа не е бесцелно разгледувано, ако во него го немаше совршеното игнорирање на правата и должностите на робот, ако не му го откажуваше самото право: борба за олсенување на својот живот… Русија и рускиот народ навистина е најголем и најси-лен меѓу Словените и треба и должен е да им помага на сите и секогаш и да ги покровителствува… Таа голема помош не им два и не може да им даде право по никакви закони на совршено по-робените за бездруго да го чекаат своето ослободување од сво-ите слободни браќа, па колку и да се силни тие.

Ослободувањето на Македонија или начинот за тоа, ќе речеме само дека робот има право да работи и да се бори најпрвин за својата слобода, како и да ги вика или да ги принуди соседите или слободните браќа на помош. Востанието е неприкосновено право на робот. Тоа го признаваат сите закони и сите човекољубиви и разумни луѓе. Никој нема право да му наредува – па и не е во состојба да го направи тоа – на робот да чека или да го одлага водењето на борбата за човечки права, кога тој речиси веќе го загубил трпението и животот не му чини ништо”.

Македонец, По македонскиот впрос, “Македонија”, И, 50, 18. Џ. 1889, стр.195; Блаже Ристовски, Портрети и процеси…стр. 394-395;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top