Историја

Весникот „Вардар” – весник за народните и просветните интереси на Македонските Срби

Stojan novakovic

(Белград, 6 август 1885 година)

СТОЈАН НОВАКОВИЌ ДО МИЛУТИН ГАРАШАНИН: ВЕСНИКОТ „ВАРДАР”- ВЕСНИК ЗА НАРОДНИТЕ И ПРОСВЕТНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СРБИ

Stojan novakovic

„Драги Гарашанине,

Работата околу цариградскиот весник за нашата македонска работа јас со Д. Алексијевиќ потполно ја средив…

Весникот ќе има наслов „Вардар”, весник за народните и просветните интереси на Македонските Срби.

Претходната програма т.е. онаа која уште пролетоска е напишана му е дадена на уредникот да ја препише и да ја има во препис. За публикацијата и за турската цензура јас му напишав кратка и проста програма, во која се избегнува  сето она што би можело да предизвика било каква закачка… Само простиот факт што во Цариград почнува да излегува српски весник, каде што никогаш ништо српско не се печатело, и што тој весник сака да ги застапува интересите на Македонските Срби повеќе вреди отколку сто громопукачки програми.

Содржината на весникот ќе зависи од материјалот, кој мора и одовде да се испраќа, и ќе се корегира од број во број, додека видиме како ќе тргне. Тука сега би можело само да се нагаѓа. Јас сум на мислење, само песните, приказните итн., Во литературата македонска весникот да ја донесува со нивниот говор но сето останато да е на српски.

Што се однесува со правецот и држењето на весникот сопрема останатите, ова е утврдено:

а) Спрема Грците и грчкиот печат да заземе што повеќе пријателски став. Ако нешто од нивна страна би предизвикало полемика или неодобрување, да премолчува, а кадегоде може отворено да ги помага и од нив да преведува. Уредникот да побара познанства во грчките журналистички кругови во Цариград и лично да работи, за да се основа заедница во јавната борба како и  мислите и мислењата да се изменуваат, рашират и по потреба да се исправат.

б) Спрема бугарскиот печат да води полемика, но одбрана и достоинствена и да не ја прима на секоја ситница. Ред е во текот на полемиката со Бугарите да се спознае дека ние сме посилни во културата и дека нашата книжевност и образованост е понапредна. Инаку, на весникот му е главна задача да полемизира со Бугарите.

в) Спрема рускиот печат да се држи апсолутно пасивно, поаѓајќи од гледиштето, дека таму не е место за борба со Русите. Сето тоа што Русите би атакувале на “Вардар” во Цариград треба само да се посматра и да се одбива од тука од Белград.

г) Спрема Србија мора да има став ладнокрвен и објективен. Ништо да не јавува за нашите прегонети, туку внимателно да го регистрира она што се направило или случило и за тоа да ги држи во патриотски дух своите читатели.

д) спрема Турција – најголема лојалност, која јас ја внесов во програмата за печатење.

Со волку, што е направено и што и ти самиот уште ќе речеш и препорачаш, мислам дека ќе може во името на Бога да се појде, и да се почне, а после по старински  ќе притискаме и буткаме како се може и мора”.

Со поздрав                                                                        

Ст. Новаковиќ

М. Но 56/85

Архив Србије-Београд, фонд: МИД, ППО И 56/1885;

Архив на Македонија-АрхивСрбије, Граѓа за историјата на македонскиот

народ  од Архивот на Србија,  т. IV, кн.И (1879-1885),  док. 195, стр. 335-337;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top